Корисничко име Лозинка Пријави се
15.1.2016

Покетино: Секој тим со првите 10 може до титулата

Тренерот на Тотенхем, Маурисио Покетино изјави дека било кој во моментов од 10-те најдобри тимови би можел да ја освои титулата во Премиер лигата.

„По мене, ова е најтешка лига во светот, сè е отворено. Лестер, Манчестер сити, ние, потоа Ливерпул, Манчестер јунајтед, Вест хем... Сè е многу отворено, сè би можело да се случи“, изјави Покетино за британските медиуми.
Водечките Арсенал и Лестер и десетопласираниот Ватфорд  ги делат 14 бодови.
Тотенхем се наоѓа на четвртото место со 36 бодови, седум помалку од Арсенал и Лестер.
„Сите тимови кои се меѓу топ 10, можат да ја освојат титулата... Можете да погодувате кој ќе биде, но остана уште многу да се игра“, наведе Покетино.
Тотенхем загуби од Лестер со 1-0 на „Вајт харт лејн“.
„Разочарани сме, но начинот на кој игравме ми покажува дека не мораме да се грижиме за иднината“, додаде Покетино.
Тотенхем во следното 22-ро коло во Премиер лигата ќе го пречека Сандереленд.

Најнови вести