16.1.2016 ФА го поништи црвениот картон на Нотон
Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) го поништи црвениот картон на играчот на Свонси Кајл Нотон.
Нотон доби црвен картон во средата во 37-та минута на натпреварот против Сандерленд, во кој неговиот тим на крајот загуби со 4-2.
Свонси се жалеше на одлуката, а пак ФА одлучи да го поништи црвениот картон, така што Нотон ќе може да игра против Ватфорд во понеделник.
Свонси по 21-то коло се наоѓа на 17-тото место во Премиер лигата со освоени 19 бодови, само бод повеќе од екипата која се наоѓа во зоната за испаѓање.