18.1.2016 Свонси по месец дена доведе нов менаџер
По отказот на Гери Монк на 9-ти декември, беше најавено дека неговото место на клупата ќе го заземе Алан Куртис до крајот на сезоната, но англиските медиуми пренесоа дека нов менаџер ќе биде Франческо Гвидолин.
На почетокот на јануари клубот соопшти дека Куртис ќе ја извршува работата како менаџер на клубот само до крајот на сезоната, но тој самиот по поразот од Сандерленд со 4-2 изјави дека ќе замине од клупата ако клубот најде замена и решение.
Гвидолин заедно со Куритс ќе го предводат клубот до крајот на сезоната.
Шеесет годишниот Гвидолин беше на челото на неколку италијански клубов, меѓу останатите ги предводеше Парма, Палермо и Удинезе, но и францускиот Монако.