18.1.2016 Ван Хал: Јунајтед е во трка за титулата
Менаџерот на Манчестер јунајтед Луис ван Хал тврди дека неговиот тим и понатаму е во трката за титулата во Премиер лигата.
„Црвените ѓаволи“ во неделата го совладаа најголемиот ривал Ливерпул на „Енфилд роуд“ со голот на Вејн Руни и го намалија заостанувањето зад лидерот Арсенал и Лестер на седум бодови.
„Имаме уште многу натпревари до крајот, нема да биде лесно, но покажавме колку можеме. Ова беше навистина многу важна победа бидејќи останатите ривали загубија бодови. Разликата е седум бодови,а ние тоа можеме да го стигнеме“, изјави Ван Хал.
Од почетокот на сезоната јавноста, но и многу поранешни ѕвезди на Јунајтед, меѓу кои и Пол Сколс, ги критикуваат великаните од „Олд Трафорд“ поради „негативниот фудбал“.
„Добро ја започнавме годината, забележавме многу победи кои им дадоа крилја на навивачите и на играчите, на сите оние кои го пратат Јунајтед“, истакна Ван Хал.