Корисничко име Лозинка Пријави се
21.1.2016

Видиќ се враќа во Премиер лигата

Поранешниот капитен на Манчестер јунајтед Немања Видиќ би можел да се врати во Премиер лигата, но не на „Олд Трафорд“.

Според пишувањето на „Делји мејл“ српскиот фудбалер има голема желба повторно да заигра во Англија и наводно е понуден на Астон вила.
Астон вила во моментов се наоѓа на последното место на табелата и сака ја зајакне својата одбрана, а наводно наскоро екипата ќе ја напушти Лескот.
Од друга страна пак, следната дестинација на некогашниот капитен на Црвена звезда би можела да биде и американската МЛС лига, па останува да се види каде ќе заврши Видиќ по раскинувањето на договорот со Интер.

Најнови вести