Корисничко име Лозинка Пријави се
25.1.2016

Дебиши се договори со Астон вила

Десниот бек на „топчиите“ Матје Дебиши се наоѓа на чекор од официјализирањето на соработката со Астон вила.

Поранешниот фудбалер на Њукасл јунaјтед не го пронајде своето „место под сонцето“ на „Емирати“, а оваа сезона е во сенка на одличниот Белерин.
Како што наведува францускиот „Л`Екип“ дефанзивецот на клубот од северен Лондон пронајде заеднички јазик со менаџерот на Астон вила Реми Гард и наскоро би требало да ја официјализира соработката.
Тој најверојатно до крајот на сезоната ќе игра како позајмен играч на „Вила парк“.
Арсен Венгер во продолжението на сезоната како алтернатива за позицијата на десен бек, најверојатно ќе го користи Калум Чемберс.
Дебиши се надева дека со добри игри би можел да му се наметне на селекторот на репрезентацијата на Франција Дидие Дешамп и да се најде на листата на избраници за Европското првенство кое се одржува во неговата татковина.
Како што наведува францускиот весник, за Французинот голем интерес покажал и Баер Леверкузен, но тој сепак се одлучил да остане на Островот.

Најнови вести