Член: 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9, 10, 11, 12, 13, 14, 15, 16, 17, 18, 19, 20, 21, 22, 23, 24, 25, 26, 27, 28, 29

Правила на игра, погодување на резултати на спортски натпревари
 
Предмет на обложување: погодување на резулатати од фудбалски и други спортски натпревари објавени од организаторот. Во понатамошниот текст организаторот ќе понуди видови на кладење за учесниците.
▲▲
Учесникот може да се обложува на следните врсти игри:
- точен резултат - минимум еден натпревар на тикет;
- конечен тип (погодување на тип 1, Х или 2) - минимум четири натпревари (или три натпревари ако се од типот Х или 2);
- двојна шанса (погодување на тип , 12 или Х2), - минимум четири натпревари
- вкупно голови (погодување на тип 1+, 2+прво полувреме, 2+второполувреме, 0-1, 0-2, 2-3, 3+, 4+, 4-6, 5+ или 7+), - минимум два натпревари;
- дава - не дава гол (дали одредена екипа ќе постигне гол или не),- четири натпревари (од кои барем два не дава гол);
- прво полувреме (погодување на тип 1, Х или 2 на полувреме на натпреварот), - минимум четири натпревари;
- полувреме - крај (погодување на тип 1, Х или 2 врзано на полувреме и на крај на натпреварот, значи 1-1, 1-Х, 1-2, Х-1, Х-Х, Х-2, 2-1, 2-Х, 2-2), - минимум два натпревари;
- паѓаат повеќе голови (погодување на тип 1, Х или 2 во кое полувреме ќе бидат постигнати повеќе голови),- минимум три натпревари;
- прв дава гол (погодување на тип 1, 0:0 или 2 која од екипите прва ќе постигне гол), - минимум четири натпревари;
- тим дава 2+гола (се типува дали домаќинот или гостинот постигнал 2 гола, на полувреме или крај) – минимум 4 натпревари;
- Двата типа даваат, односно еден тим не дава гол - минимум 4 натпревари
- вкупно голови во лиги (се типува 1, Х, или 2 во зависност дали на натпреварите од лигата, ќе бидат постигнати повеќе, точно или помалку голови од бројот кој го одредува организаторот). Истото важи и за вкупно кошеви на натпревар во кошарка, или за вкупно поени во било кој друг спорт. - минимум три лиги (или минимум три натпревари со вкупно поени или кошеви)
- комбинирана уплата подразбира комбинирање на две или повеќе видови на игри за ист натпревар, - треба да биде исполнет било кој услов од горенаведените;
- хендикеп натпревари (организаторот дава предност од еден или повеќе голови на одредена екипа, а учесникот погодува тип 1, Х или 2), -минимум четири натпревари;
- замислени натпревари - погодување на тип 1, Х или 2 (меѓу две одбрани екипи од страна на организаторот, а победник на замислениот натпревар е онаа екипа која дала повеќе голови на нејзиниот вистински натпревар), -минимум четири натпревари;
-сингл натпревари-играчот типува само на еден натпревар од сите горенаведени игри. Сингл натпревари се само оние кои се посебно назначени од страна на организаторот.
-Азиски (0.00) хендикеп (се игра тип 1 или 2 и се чека исходот на натпреварот. Доколку натпреварот заврши нерешено, уплатените пари се враќаат)- минимум четири натпревари
-Оди понатаму (се типува 1 или 2 за тимот кој што се пласирал понатаму во било кој спорт, турнир или слично. Тука покрај регуларниот дел, се земаат во предвид и продолженијата и евентуалното изведување на пенали при што едниот тим мора да оди понатаму) - минимум четири натпревари
-Победник (се типува како сингл тип 1 за натпреварот или натпреварувачот кој сметаме дека ќе биде победник на некој настан: турнир, лига, куп, мото трка, формула или слично)
-Обложување во живо (се типува сингл на шест видови игри: конечен тип, прво полувреме, следен дава гол, следен жолт картон, следен корнер и хендикеп, и тоа во текот на целиот натпревар). Квотите за овие игри постојано се менуваат во текот на натпреварот и за оваа игра важат посебни правила дадени од организаторот кои се секогаш истакнати на огласната табла.
▲▲
Организаторот може да понуди и други врсти на игри: супер дабл (се играат два натпревари со кои се исполнува услов, а тие се однапред најавени), бонус тип (организаторот одбира одредени натпревари и за нив ги прави поголеми сите коефициенти за тој тековен ден), специјален сингл итн... За сите тие игри постојат и одредени правила кои организаторот е должен навремено да ги објави во билтенот или на огласната табла и тие правила се валидни.
▲▲
Учесниците при пополнувањето на тикетите треба да ги назначат сите елементи потребни за учествување во обложувањето. Обложувањето се одвива во спортските обложувалници лоцирани во Македонија. Уплатата ќе се врши на On-line терминалите на приредувачот, на продажните места назначени на списокот, што е во согласност со законот за игрите на среќа и правилникот за техничко-технолошките и просторните услови.
▲▲
За наплата на евентуалните добивки, ќе се признае само тикетот заверен од страна на организаторот кој при тоа нема никакви преправки. Доколку играчот го нема оригиналниот тикет, обложувалницата нема обврска да го исплати.
▲▲
Висината на уплатата и исплатата ќе биде лимитирана во поглед на минималниот или максималниот износ. Минималната уплата по тикет е 50 денари, а максималната исплата по тикет е 300 000 денари. Минималната уплата по комбинација е 5 денари.
▲▲
Добитна комбинација е таа комбинација која нема ниту еден промашен тип (или погодени барем минимум натпревари од условот доколку играчот играл условен тикет - систем). Еден пар не може да се игра повеќе пати во иста комбинација.
▲▲
Учесниците во играта се должни да го почитуваат правилото за минимален број на натпревари за секоја врста на игра.
▲▲
Важечки резултат е резултатот постигнат во регуларниот тек на натпреварот (90-та, 60-та, 48-та, 40-та минута итн., во зависност од видот на натпреварот и спортот), а продолжувањата не се важат, освен за играта „оди понатаму“ или за некои игри кои ќе бидат наглесени во билтенот.
▲▲
Во случај на прекин на натпреварот, и не продолжување на натпреварот до крајот на тоа коло постигнатиот резултат е неважечки за сите врсти на игра (важи коефициент 1,00), освен за играта вкупно голови во лига (каде важат головите постигнати до прекинот на натпреварот).
▲▲
Во случај на одложување на натпревар и не одигрување на истиот до крајот на колото важи коефициент 1,00 за сите врсти на игра освен за играта вкупно голови во лига каде се пресметува како да се постигнати точно 2 гола, а во случај на одложување на половина или повеќе од половина натпревари од лигата тогаш за таа лига важи коефициент 1,00.
▲▲
Во случај на одложување на натпревар и одигрување на истиот заклучно со последниот ден на колото, постиганите резултати се важечки за сите врсти на игра. Траењето на колото е објавено во секој билтен.
▲▲
Во случај на неважечки (поништен) резултат, одиграниот пар на тикетот е неважечки. За тој натпревар се пресметува кофициент 1 за сите видови игри.
▲▲
Специјални правила по спортови кои се разликуваат од генералните и се специфични за тој одреден спорт

Правила за тенис:
- Се игра конечен тип, прв сет или вкупно сетови во зависност од тоа кој игри ќе ги дозволи организаторот. Може да се врзува со останатите игри во билтенот освен ако тоа не е поинаку нагласено.
- Во случај на погрешен пар во тенис, парот се прогласува за неважечки (поништен), и за тој пар, за сите игри важи коефициент 1.
- Доколку еден од двајцата играчи се откаже пред да започне натпреварот, парот се прогласува за неважечки и за тој пар, за сите игри важи коефициент 1.
- Доколку еден од натпреварувачите се предаде, а натпреварот веќе започнал (па макар и само еден сервис, поен, сет, гем итн..), тогаш се смета дека другиот натпреварувач победил. Но доколку еден од натпреварувачите се предаде пред да започне натпреварот за тој пар се пресметува коефициент 1.
- Доколку накој регуларен натпревар во тенис се одложи пред почетокот на мечот или се прекине во текот на мечот (поради дожд, мрак или слично), се чека неговиот исход без разлика дали е во рамките на тековното коло (важи само за тенис, бидејќи тој натпревар мора да добие своја завршница)

Правила за бејзбол:
- Се игра конечен тип (1 или 2). Може да се врзува со останатите игри во билтенот освен ако тоа не е поинаку нагласено.
- Во случај на погрешен пар во бејзбол, парот се прогласува за неважечки (поништен), и за тој пар, за сите игри важи коефициент 1.
- Доколку натпреварот е прекинат или одложен, тогаш веднаш наредниот ден, наутро, се погласува за одложен и се пресметува со коефициент 1. Значи, не се чека крајот на колото како за другите спортови бидејќи наредниот ден повторно играат истите натпреварувачи.
- Доколку се случи еден ист натпревар да се игра двапати во еден ден (само во бејзбол) се зема во предвид првиот одигран натпревар (со сатницата дадена во додатокот или билтенот).

Правила за Формула 1 и мото трки, скијање, ски скокови, велосипедизам и сите останати индивидуални и екипни спортови за кои организаторот приредува обложување за победник на тој настан
- Се игра победник (за пол позиција или трка), од прво до трето место (за пол позиција или трка), од прво до шесто место (за пол позиција или трка), и дуели на натпреварувачи (за пол позицја или трка). Може да се игра како сингл или да се врзува со останатите игри во билтенот освен ако тоа не е поинаку нагласено.
- Доколку натпреварувачот е погрешен, квотата е погрешна, трката е одложена или прекината, важат општите правила дадени во членовите 11, 12, 13, 15.
- Доколку натпреварувачот не се појави на стартот на трката (или пол позиција), за тој натпреварувач соодветно се пресметува коефициент еден. Истото се случува и ако се појави на загревачки круг, а не ја стартува трката. Меѓутоа, доколку натпреварувачот ја стартувал трката, тогаш се зема во предвид неговиот пласман без разлика дали ја завршил трката до крај или предвреме од било кои причини. Доколку трката стартува, се прекине и стартот повторно се повтори (поради безбедност, судир итн..) се смета првиот старт и оние натпреварувачи кои што стартувале со него.
- За пол позиција, за валиден резултат се смета како завршила трката за пол позиција и само тој редослед е регуларен. Доколку подоцна некој од натпреварувачите е дисквалификуван (на зелена маса) поради било кои причини, тие резултати не се земаат во предвид.
- Во играта дуели на возачи, доколку двајцата возачи не ја завршат трката, се пресметува коефициент 1 за тој пар. Доколку едниот од натпреварувачите не ја запошне трката, исто така се пресметува коефициент 1.
▲▲
Во случај на грешка врзана за објавените квоти од страна на организаторот или за времето и местото на одигрувањето на натпреварот и сл, организаторот го задржува правото да дадениот натпревар го прогласи за неважечки (го поништи). За тој натпревар, за сите видови игри важи кофициент 1.
-Истото важи и во случај натпреварот да започне пред датумот и времето наведено во билтенот, па за оние тикети што се уплатени после реалниот почеток на натпреварот, за тој натпревар, за сите видови игри важи кофициент 1.
▲▲
Организаторот има право да ги промени квотите објавени во билтенот. Известување за новите квоти ќе биде истакнато на уплатните места. За играчите се важечки квотите во моментот на уплатата и се прикажани на самиот тикет. Измените ќе бидат исто така истакнати на уплатните места и огласната табла. Уплатата може да се изврши до почетокот на првиот натпревар од одиграните на тикетот.
▲▲
Организаторот секој вторник и петок во неделата издава билтен во кој се наведуваат спортските натпревари со соодветните коефициенти за одредени игри кои се предмет на обложување.
▲▲
На секој тикет задолжително се наведува: врстата на играта, точниот број на одиграните комбинации и задолжително читко да се напише шифрата на одиграните натпревари. Во спротивно тикетот ќе се смета за непотполн и нема да се изврши уплата.
▲▲
Во случај кога ќе се изврши уплата за натпревари кои веќе почнале или се одиграни, или е утврдена грешка во квотите организаторот има право тие натпревари да ги прогласи за неважечки (ги поништи). Тие натпревари се пресметуваат со коефициент 1.
▲▲
Во случај на непочитување на членот 6 (шест) тикетот ќе се прогласи за неважечи, а влогот се враќа на играчот
▲▲
Исплата се врши веднаш по завршетокот на соодветните натпревари, а најдоцна во рок од 60 дена од денот на завршување на последниот натпревар од тикетот. До колку играчот не дојде во одредениот рок 60 дена по исплатата, се смета дека се откажал од исплатата и обложувалницата го задржува правото да не ја изврши исплатата после одредениот рок.
▲▲
Играчите со уплаќање на тикетот, безусловно ги прифатиле и потврдиле правилата на играта пропишани од страна на организаторот.
▲▲
Овие правила се истакнати на уплатните места. На тој начин се смета дека секој учесник во обложувањето е запознаен со сите правила и ги прифаќа во целост.
▲▲
Во случај на било каков спор меѓу учесниците и организаторите на обложувањето, кој не може да се реши по договорен пат, надлежен е судот во Скопје. Учесниците во играта имаат право на приговор во рок од 7 дена.
▲▲
Услов да се учествува во играта е играчите да не се помлади од 18 години и да се придржуваат на правилата на играта на среќа Обложување на спортски натпревари кои ги одредил приредувачот на истите.
▲▲
Се молат играчите да ги уплатат тикетите 30 минути пред почетоот на натпреварот и должни се да ги проверат истите. Приговори во однос на тикетот ќе важат само во случај да не е започнат ниеден натпревар на тикетот и да не е применет членот 15.
▲▲
Играчите имаат право на приговор и на исплатата доколку сметаат дека се оштетени и во тој случај организаторот е должен да го образложи спорниот тикет (се разбира според правилата на игра). Рокот за приговорот е 8 дена од денот на завршување на последниот натпревар од тикетот. Во случај спорот да не може да се реши по договорен пат, се постапува според член 24.
▲▲
Утврдувањето на резултатите од спортските натпревари се одредуваат од официјалните интернет страници на соодветните фудбалски лиги или други спортски асоцијации или телетекст на одредени светски телевизии и светски обложувалници, потврдени со други електронски и печатени медиуми (вклучувајќи платени интернет страници чија основна дејност е следење на резултати од спортски натпревари).
▲▲
Играчите сами, по свој избор се обложуваат на одделни спортски натпревари кои се претходно објавени (се разбира со соодветните коефициенти) во билтенот кој го издава организаторот. Значи, играчите сами ја одредуваат уплатата, бројот на натпреварите (важно е да биде исполнет некој од условите од член 2), односно сами си ја одредуваат висината на евентуалната добивка т.е. добитниот коефициент. Добивката се утврдува по пат на компјутерска обработка на сите тикети. Во случај на добивка, играчите се појавуваат на уплатното место и со предавање на тикетот кај овластеното лице истиот ќе биде исплатен. Организаторот води посебна евиденција за сите примени уплати и сите извршени исплати.
▲▲


 Член: 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9, 10, 11, 12, 13, 14, 15, 16, 17, 18, 19, 20, 21, 22, 23, 24, 25, 26, 27, 28, 29