Кратко резиме на компанијата
 
Сопственост
Обложувалницата Sport Life е трговско друштво во приватна сопственост, создадено во септември 2002 година. Седиштето на фирмата е лоцирано во Скопје.

Трговска дејност
Нашата примарна дејност е од областа на игрите на среќа, поточно обложување на спортски натпревари.

Позиција на пазарот
Со нашиот континуиран пораст, квалитет и извонредно богата понуда, обложувалницата се наметна како еден од лидерите на овој бизнис сектор.

Уплатни места
Во моментов уплатата се врши на голем број уплатни места распоредени низ Републиката, од кои три се главни, репрезентативни објекти, со добиена главна лиценца од Министерството за финансии. Останатите се помали уплатни места, кои мораат да бидат максимум до 8 м², според Законот за игри на среќа.

Човечки ресурси
Љубителите на спортот и пасионираните обложувачи моментално ги опслужуваат преку 220 постојани или привремени соработници.

Работно време
Работното време на обложувалниците е секој ден од 9 до 22 часот.

Интернет-страница
Со најновите вести, додатоци, билтени, резултати во живо, клиентите се известуваат на интернет-страницата: www.sportlife.com.mk (24/7).


МИСИЈА И ЦЕЛИ
Стратегиската определба е да се прерасне во респектабилна, доброорганизирана, глобална компанија, која не само што ќе се занимава со организирање на спортското обложување, туку ќе ги третира сите спортски аспекти во светот и кај нас. Досега, Sport Life има достигнато реноме и пронајдено место на пазарот, но тенденцијата е максимална приспособливост со цел да се зајакне успехот и да се задоволат очекувањата на корисниците.
Визија: Sport Life - лидер во доменот на спортското обложување во Република Македонија, преку обезбедување на врвни услуги кон клиентите.
Мисија: Проширување на компанијата со уплатни центри низ целата држава, обезбедување супериорна понуда, која преку исклучителната грижа кон корисниците и брзина во услугите, ќе создаде силна марка.



Организациска структура на Sport Life обложувалници:

Организацијата во Sport Life е поставена по високи европски стандарди.