Корисничко име Лозинка Пријави се
17.10.2018

Реал размислува за трампа Бејл-Азар?

И мадриѓаните и лондончаните би го добиле тоа што го сакаат

Реал Мадрид е подготвен во јануари на Челзи да му го понуди Герет Бејл, а за возврат да го добие Еден Азар. Ваква шпекулација спомна еден добро информиран новинар во емисија во Шпанија.

„Реал сака да го донесе Азар уште зимава, а во Челзи би го испратил Бејл. Азар сака да дојде, а по први јули, ќе може да си замине како слободен играч и Челзи не би добил ниту едно евро. Мислам дека трампата ќе им користи на двата клуба“, изјави Едуардо Инда од „ОК Дијарио“.

Наводно, во Реал веќе се заморени од повредите на Бејл, и тоа го спречува да биде вистински наследник на Кристијано Роналдо и лидер на тимот. Азар повеќепати кажа дека Реал е клубот од неговите соништа, но додаде дека мали се шансите тој уште во јануари да си замине од Челзи. Договорот на Бејл со Реал е до 2022 година и прашање е дали Челзи би сакал да му ја плаќа огромната плата.

Најнови вести