Корисничко име Лозинка Пријави се
18.10.2018

Ако остане без Нејмар, ПСЖ ќе тргне по Гризман

Француските медиуми шпекулираат дека „светците“ знаат што ќе прават ако си замине незадоволниот Бразилец

Пари Сен Жермен би му платил 150 милиони евра на Атлетико Мадрид за слободата на Антоан Гризман, во случај ако незадоволниот Нејмар си замине од клубот.

ПСЖ најверојатно во летото 2019 година ќе биде расположен да ги слушне понудите кои ќе дојдат за Нејмар, а клубот има и план Б, што ќе прави доколку го продадат најскапиот играч на светот. Парискиот клуб со сите сили ќе тргне по Гризман, особено ако во декември биде избран за фудбалер на годината во изборот на „Франс фудбал“.

Во ПСЖ сметаат дека би било одлично ако во своите редови го имаат напаѓачкиот тандем на француската репрезентација Гризман-Мбапе.

ПСЖ за Нејмар бара повеќе од 200 милиони евра, а за него има интерес од Реал Мадрид, но во игра е и камбек во Барселона, како и некои помалку веројатни опции од Англија, Кина и САД.

Најнови вести