Корисничко име Лозинка Пријави се

Правила на игри на среќа во обложувалница [.pdf]


член 1
Организатор на посебни игри на среќа во обложувалница е СПОРТ-ЛАИФ ТРЕЈД ДОО Скопје со седиште на ул. „Интернационални бригади”, бр.5 – Скопје.
Организаторот го приредува обложувањето на територија на Република Македонија, во своите уплатно-исплатни места, за цело времетраење на добиената Лиценца за приредување на посебни игри на среќа во обложувалница број 41-5057/1 од 30.07.2013 година, издадена од Владата на Република Македонија.

член 2
Предмет на обложување е: игри на среќа во обложувалница, во која учесникот во согласност со правилата на игра се обложува на идни реални настани или реални настани кои се во текот во времето на обложувањето и тоа настани кои се однесуваат на:
- Спортски натпреварувања, трки и слични натпреварувања, определени со овие правила
- Танцови, пеачки, музички и слични натпреварувања, определени со овие правила
- Други натпреварувања, определени со овие правила
Во понатамошниот текст, организаторот понудува различни видови и типови на обложување за учесниците.

член 3
Учесникот може да се обложува на некои од следните типови игри:
- точен резултат (се погодува точниот резултат на крај на натпреварот)
- конечен тип (погодување на тип 1, Х или 2),
- двојна шанса (погодување на тип 1Х, 12 или Х2), 
- вкупно голови (погодување вкупен број на голови, интервал на голови, точен број на голови, поединечно по екипа или заедно, во прво, второ полувреме или за цел натпревар),
- дава - не дава гол (дали одредена екипа ќе постигне гол или не, за прво полувреме или за цел натпревар),
- прво полувреме (погодување на тип 1, Х или 2 само за првото полувреме на натпреварот),
- второ полувреме (погодување на тип 1, Х или 2 само за второто полувреме на натпреварот),
- полувреме - крај (погодување на тип 1, Х или 2 врзано на полувреме и на крај на натпреварот, значи 1-1, 1-Х, 1-2, Х-1, Х-Х, Х-2, 2-1, 2-Х, 2-2),
- паѓаат повеќе голови (погодување на тип 1, Х или 2 во кое полувреме ќе бидат постигнати повеќе голови),
- прв дава гол (погодување на тип 1, 0:0 или 2 која од екипите прва ќе постигне гол или нема да има гол), 
- тим дава 1+ , 2+гола, 3+ гола и слично (се типува дали домаќинот или гостинот постигнал одреден гол голови, на полувреме или крај)
- двата тима даваат, односно еден тим не дава гол 
- вкупно голови во лиги, вкупно поени, вкупно погодоци (се типува 1, Х, или 2 во зависност дали на натпреварите од лигата, ќе бидат постигнати повеќе, точно или помалку голови од бројот кој го одредува организаторот). Истото важи и за вкупно кошеви на натпревар во кошарка, или за вкупно поени во било кој друг спорт,
- комбинирана уплата (двознак и трознак) - подразбира комбинирање на две или три типови на игри за еден ист натпревар на ист тикет, 
- хендикеп натпревари (организаторот дава предност од еден или повеќе голови на одредена екипа, а учесникот погодува тип 1, Х или 2),
- замислени натпревари - погодување на тип 1, Х или 2 (меѓу две одбрани екипи од страна на организаторот, а победник на замислениот натпревар е онаа екипа која дала повеќе голови на нејзиниот вистински натпревар)
- сингл натпревари - каде играчот типува само на еден натпревар од сите горенаведени игри. Сингл натпревари се само оние кои се посебно назначени од страна на организаторот.
- азиски (0.00) хендикеп (се игра тип 1 или 2 и се чека исходот на натпреварот. Доколку натпреварот заврши нерешено, уплатените пари се враќаат)
- оди понатаму (се типува 1 или 2 за тимот кој што се пласирал понатаму во било кој спорт, турнир, настан или слично. Тука покрај регуларниот дел, се земаат во предвид и продолженијата и евентуалното изведување на пенали при што едниот тим мора да оди понатаму)
- победник (се типува како сингл тип 1 за натпреварот или натпреварувачот кој сметаме дека ќе биде победник на некој настан: турнир, лига, куп, мото трка, формула, други трки, победник на пеачки, танцови двојки или слично)
- двојна победа (се типува 1Д или 2Д, т.е. дали домаќинот или гостинот ќе победи и во прво и во второ полувреме одделно),
- сигурна победа (се типува 1С или 2С, т.е. дали домаќинот или гостинот ќе победи без да прими гол),
- пар-непар (се типува дали вкупниот број на голови ќе биде парен или непарен број),
- време на прв гол (се погодува интервал кога ќе биде постигнат првиот гол на натпреварот),
- било-кога (се типува Б1, БХ или Б2, каде што Б1 означува дека домаќинот ќе води или на полувреме или ќе победи на крај, БХ дека ќе биде или нерешено на полувреме или нерешено на крај, и Б2 дека гостинот ќе води или на полувреме или ќе победи на крај)
- обложување во живо (се типува сингл или комбинација на повеќе видови игри и настани, во текот на натпреварите, како: конечен тип, хендикеп, следен дава гол, вкупно голови, следен жолт картон, следен црвен картон и слично). Квотите за овие игри постојано се менуваат во текот на натпреварот и за оваа игра важат посебни правила дадени од организаторот кои се секогаш истакнати на огласната табла.
- комбинирани игри (се типува на комбинации на горенаведените игри, математички сублимирани во една игра).
- супер тип (организаторот одбира одредени натпревари за кои понудува зголемени коефициенти за тековниот ден)
- специјален сингл (се типува сингл на низа настани кои се случуваат во текот на еден избран натпревар, како: почетен удар, прв аут, прв корнер, прв жолт картон, прв црвен картон, прва замена, прв стрелец на гол, последен стрелец на гол, прв офсајд и слично)
- други типови на игри, согласно член 2 од овие правила.

член 4
Организаторот е должен овие Правила на игра во обложувалница да ги истакне на видно место на огласната табла во сите свои уплатно-исплатни места, на веб-страницата www.sportlife.com.mk, или во билтенот т.е. понудата за обложување.

член 5
Учесниците при пополнувањето на тикетите треба да ги назначат сите елементи потребни за учествување во обложувањето. 
Учесниците со уплатата добиваат уплатен тикет или тикети, каде се јасно дефинирани сите елементи на обложувањето и коефициентите, уплатата и евентуалната добивка.
Обложувањето се одвива во уплатно-исплатните места на Спорт Лаиф Трејд, лоцирани во Македонија.
Уплатата ќе се врши на On-line терминалите на приредувачот, на уплатно-исплатните места назначени на списокот, што е во согласност со законот за игрите на среќа и правилникот за техничко-технолошките и просторните услови, донесени од Министерството за финансии на РМ.

член 6
За наплата на евентуалните добивки, ќе се признае само тикетот заверен од страна на организаторот кој при тоа нема никакви преправки. Доколку играчот го нема оригиналниот добитен тикет, обложувалницата нема обврска да го исплати.

член 7
Висината на уплатата и исплатата ќе биде лимитирана во поглед на минималниот износ на уплата или максималниот износ на исплата по единечен тикет. Минималната уплата по тикет е 10 денари, а максималната исплата по тикет е 500.000 денари.
Висината на минималната уплата и максималната исплата може да се менува по претходна најава и објава, и е дискреционо право на организаторот. За секоја евентуална промена на висината на минималната уплата и максималната исплата по тикет, организаторот е должен навремено да ја објави на огласната табла, на интернет страницата или во билтенот.

член 8
Добитна комбинација е таа комбинација која нема ниту еден промашен тип (или погодени барем минимум натпревари од условот доколку играчот играл условен тикет - систем). Еден пар не може да се игра повеќе пати во иста комбинација, освен доколку тоа не е дополнително назначено од страна на организаторот.

член 9
Учесниците во играта обложување се должни да го почитуваат правилата за услови и минимален број на натпревари за секој тип или вид на игра, доколку постојат. Обложувалницата го задржува правото да ги менува условите на игра, но по претходно одобрување од страна на Министерството за финансии. Обложувалницата го задржува правото на објава на дообјаснувања на основните правила заверени од МФ, и тие доколку се објавени во билтенот, се важечки за тој тип на игра.

член 10
Важечки резултат за настан или натпревар е резултатот постигнат во регуларниот тек на натпреварот, крајот на трката или настанот (пр.: 90-та, 60-та, 48-та, 40-та минута итн., што е во зависност од видот на натпреварот, спортот или настанот), а продолженијата не се важат, освен за играта оди понатаму или за некои игри кои ќе бидат нагласени во билтенот.

член 11
1. Доколку натпреварот е прекинат, се чека 72 часа за негово доигрување при што натпреварот ќе се регистрира со резултатот од доигрувањето. 
2. Доколку натпреварот не се доигра во следните 72 часа, тогаш за тој натпревар, за сите видови игри, се пресметува коефициент 1
3. За фудбал, доколку натпреварот заврши со последен свиреж на судијата односно се означи крај на натпреварот иако не поминале точно 90 минути (на пример во 88 или 89-тата минута), тогаш тој не се смета за прекинат, туку се смета за завршен натпревар и се пресметува постигнатиот резултат, за сите видови игри

член 12
Ако натпреварот се одложи, и во рок од 72 часа не започне да се игра, за истиот ќе се пресмета коефициент 1 за сите видови игри, освен за играта Вкупно голови во лига каде ќе се смета како да се постигнати точно 2 гола. Во случај на одложување на половина или повеќе од половина натпревари од една лига, тогаш и за Вкупно голови во таа лига важи коефициент 1.

член 13
Ако натпреварот се одложи и започне во рок од 72 часа од првичната саатница, важечки ќе биде постигнатиот резултат.
За важечки се смета постигнатиот резултат и доколку одложениот натпревар започне точно на истекот на 72 час од првичната закажана саатница. (На пример ако натпреварот е предвиден за сабота во 20:00 часот, се одложи, па се одигра во вторник точно во 20:00 часот)

член 14
Во случај на неважечки (поништен) натпревар поради згрешен пар или било кои други причини, одиграниот пар на тикетот е неважечки. За тој натпревар се пресметува коефициент 1 за сите видови игри.

член 15
Специјални правила по спортови, трки или типови игри кои може да се разликуваат од генералните и се специфични за тој одреден спорт, настан  или вид на обложување.

Правила за фудбал:
- Во случај на погрешен пар на фудбалски натпревар, парот се прогласува за неважечки (поништен), и за тој пар, за сите игри се пресметува коефициент 1. 
- За исходот на натпреварот, стрелците, корнерите, жолтите картони, црвените картони, офсајдите, време на првиот гол и други настани поврзани за истиот, важи официјалниот резултат и извештај по крајот на натпреварот, кој е објавен на официјалните интернет страници во рок од 48 часа по крајот. Доколку во меѓувреме и подоцна се промени или дисквалификува некој настан надвор од теренот, на зелена маса, со одлука на некое организационо или координативно тело (по приговор на некоја екипа, по дисквалификација на некој играч или екипа од било кои причини, поради допинг тестови, поништување на натпреварот со службен резултат, преименување на стрелец на некој гол и слично), тие резултати не се земаат во предвид, и останува да важи претходниот исход.
- Жолти или црвени картони кои се доделени по официјалниот крај на мечот, или се доделени на играчи кои не се во игра, тренерот или било кое друго официјално лице на натпреварот, не се земаат во предвид кај игрите поврзани со овие настани.

Правила за тенис:
- Се игра конечен тип, прв сет, вкупно сетови или хендикеп на гемови во зависност од тоа кој игри ќе ги дозволи организаторот. Може да се врзува со останатите игри во билтенот освен ако тоа не е поинаку нагласено.
- Во случај на погрешен пар во тенис, парот се прогласува за неважечки (поништен), и за тој пар, за сите игри важи коефициент 1. 
- Доколку еден од двајцата играчи се откаже пред да започне натпреварот, парот се прогласува за неважечки и за тој пар, за сите игри важи коефициент 1. 
- Во случај да дојде до предавање на мечот од еден натпреварувач, се пресметува коефициент 1 (за сите игри) без разлика дали мечот започнал или не. 
- Доколку некој регуларен натпревар во тенис се одложи пред почетокот на мечот или се прекине во текот на мечот (поради дожд, мрак или слично), се чека неговиот исход без разлика дали е во рамките на тековното коло (важи само за тенис, бидејќи тој натпревар мора да добие своја завршница)

Правила за бејзбол:
- Се игра конечен тип (1 или 2). Може да се врзува со останатите игри во билтенот освен ако тоа не е поинаку нагласено.
- Во случај на погрешен пар во бејзбол, парот се прогласува за неважечки (поништен), и за тој пар, за сите игри важи коефициент 1. 
- Доколку натпреварот е одложен, не се чека 72 часа за доигрување, туку веднаш утредента се пресметува коефициент 1.
- Доколку натпреварот е прекинат, не се чека 72 часа за доигрување на натпреварот туку:
а) Ако се одиграле три ининзи, постигнатиот резултат е конечен.
б) Ако не се одиграле три ининзи, се пресметува коефициент 1.
- Доколку се случи еден ист натпревар да се игра двапати во еден ден (само во бејзбол) се зема во предвид првиот одигран натпревар (со саатницата дадена во додатокот или билтенот).

Правила за трки Формула 1 и мото трки, скијање, ски скокови, велосипедизам и сите останати индивидуални и екипни спортови за кои организаторот приредува обложување за победник или пласман на натпреварувач на тој настан:
- Се игра победник (за пол позиција или трка), од прво до трето место (за пол позиција или трка), од прво до шесто место (за пол позиција или трка), и дуели на натпреварувачи (за пол позиција или трка). Може да се игра како сингл или да се врзува со останатите игри во билтенот освен ако тоа не е поинаку нагласено.
- Доколку натпреварувачот е погрешен, квотата е погрешна, трката е одложена или прекината, се пресметува коефициент 1
- Доколку натпреварувачот не се појави на стартот на трката (или пол позиција), за тој натпреварувач соодветно се пресметува коефициент еден. Истото се случува и ако се појави на загревачки круг, а не ја стартува трката. Меѓутоа, доколку натпреварувачот ја стартувал трката, тогаш се зема во предвид неговиот пласман без разлика дали ја завршил трката до крај или предвреме од било кои причини. Доколку трката стартува, се прекине и стартот повторно се повтори (поради безбедност, судир итн..) се смета првиот старт и оние натпреварувачи кои што стартувале со него.
- За пол позиција, за валиден резултат се смета како завршила трката за пол позиција и само тој редослед е регуларен. Доколку подоцна некој од натпреварувачите е дисквалификуван (на зелена маса) поради било кои причини, тие резултати не се земаат во предвид.
- Во играта дуели на возачи, доколку двајцата возачи не ја завршат трката, се пресметува коефициент 1 за тој пар. Доколку едниот од натпреварувачите не ја започне трката, исто така се пресметува коефициент 1.


Правила за обложување во живо
- Дневната понуда секојдневно излегува на ТВ-приеммникот приклучен за обложување во живо или во специјалниот Додаток за живо. Таму е прикажан распоредот, шифрите, време на почеток на натпреварот и ТВ-каналот каде што ќе може да се следи.
- Во ист момент на приказот на ТВ или во понудата има минимум 1, а максимум 4 натпревари што се следат во живо со сите специјални игри, и систем Live++, каде е дадена целокупната дневна понуда за обложување во живо, но со лимитирани игри на неа.
- Натпреварите што во моментот се следат во живо можат да се играат сингл, а можат и да се врзуваат меѓусебно на тикет без никакви услови, освен што од еден натпревар може да се одигра само по еден тип. Значи, на еден тикет може да има минимум еден, а максимум 8 типови.
- Обложувањето во живо е овозможено за повеќе спортови: фудбал, кошарка, тенис и хокеј, ракомет, одбојка, со голем број игри за нив, кои се јасно истакнати и на ТВ и на уплатениот тикет.
- За обложувањето во живо важи коефициентот во моментот на уплатата, кој јасно излегува на тикетот.
- Тикетите во Обложување во живо не можат да се сторнираат. Се молат играчите јасно и експлицитно да кажат која игра и кој тип го играат и за колкава уплата. Подоцнежни рекламации не се признаваат.
- Букмејкерот го задржува правото да прави какви било корекции на квотите, да го стопира и повторно да го активира обложувањето на кој било натпревар, да ги дозволува или да ги забранува сите игри или комплетно да го стопира обложувањето, согласно неговото лично убедување.
- Исплатата на добитните тикети се врши веднаш по обработката на резултатите од натпреварите, на истото место каде што се врши и уплатата, со приложување на добитниот тикет.
- Доколку во просториите на букмејкерите организаторот не може да обезбеди  пренос на натпреварот од техничка причина (нема слика, снемување на интернет или струја), сите ОТВОРЕНИ УПЛАТИ ќе се обработат со коефициент 1.
           а) ФУДБАЛ (Обложување во живо)
- Во случај на судиски прекин на фудбалски натпревар, сите ОТВОРЕНИ УПЛАТИ ќе важат во рок од 24 ч. По истекот на рокот отворените уплати ќе бидат сторнирани и ќе се пресмета коефициент 1.
- Ако е доделен црвен картон на играч по означување крај на натпреварот истиот не се смета за важечки во обработката. Црвен картон кој е доделен вон теренот (резервен играч или тренер) не се смета за важечки.
- Во случај на истовремено доделување на жолти картони на играчи од различна екипа, ќе се пресмета коефициент 1 за играта „Добива жолт картон“.
- Во играта „Дава гол од пенал“, доколку голманот одбрани пенал и во продолжение на акцијата сепак се постигне гол, се смета дека е промашен пенал.
          б) ТЕНИС (Обложување во живо)
- Во случај на тенис, ако дојде до предавање во текот на мечот од страна на некој од тенисерите, сите ОТВОРЕНИ УПЛАТИ ќе се пресметаат со коефициент 1.
- Во случај на прекин на тенискиот меч поради дожд и тој меч се доигра до следниот ден, сите типувања важат и тикетите се на чекање.
- Ако на тениски натпревар е променет парот, односно на терен не излезе парот кој бил најавен, за сите игри ќе биде пресметан коефициент 1.
         в) КОШАРКА (Обложување во живо)
- За играта „конечен резултат“ се смета и евентуално ПРОДОЛЖЕНИЕ!
- Играта „кој ја добива четвртината“ е игра за победник, во случај на нерешен резултат во четвртина се враќа влогот назад.
- За играта „вкупно поени на натпреварот“ се сметаат само поени постигнати во РЕГУЛАРНИОТ дел (без продолжение)
- Играта „хендикеп“ се смета само за РЕГУЛАРНИОТ дел (без продолжение)
- Коефициент 1 во обложување во живо ќе се пресмета и во следниве случаи:
Секоја одиграна игра што немала смисла, односно не одговара на моментната ситуација на теренот (на пример, тука спаѓа можност ако случајно се одигра следен гол, а тој веќе паднал, можност за одигрување на пенал ако веќе е досуден, можност за играње на црвен картон ако е веќе доделен и така натаму). Ова се напомнува, бидејќи преносот или интернетот понекогаш може да доцни. Рекламации по оваа основа не се прифаќаат.

Правила за програма за лојалност - СЛ Клуб
- “СЛ Клуб” е програма за лојалност и рангирање на редовните обложувачи во обложувалниците SPORT LIFE. Со своите веќе уплатени тикети, погодени или промашени, играчите т.е. членовите во Спорт Лајф Клубот се натпреваруваат кој е поуспешен во типувањето.
- член на СЛ Клубот може да биде секој граѓанин на РМ кој има наполнето 18 години. Секој член на овој клуб мора да поседува членска клуб-картичка која ја издава Спорт-Лаиф Трејд. За да се добие картичка, секој кандидат треба:
• да пристапи на интернет страницата www.sportlife.com.mk
• да се регистрира како корисник на веб-страната со пополнување на формуларот (на линкот: регистрирај се)
• да го посети најблиското уплатно-исплатно место на Sport Life обложувалниците (со лична карта за увид како доказ за идентитет и возраст) каде ќе го добие формуларот во печатена форма. Истиот треба да се дополни и потпише.
- секој играч може да поседува само една СЛ Клуб картичка
- Податоците на играчите кои се земаат за да се издаде СЛ Клуб картичка се во согласност со позитивните законски прописи од Законот за заштита на лични податоци.
- Со електронската СЛ Клуб картичка не се вршат никакви финансиски трансакции, односно таа служи само за верификација и идентификација на лојални играчи во обложувалницата.
- За сите членови на СЛ Клуб се врши рангирање според лојалноста (во понатамошниот текст тоа рангирање се вика ТИПСТЕР КУП)
- За сите членови н СЛ Клуб може да има рангирање според уплатата, со цел добивање одредени привилегии
- Секој играч со сите свои тикети е во конкуренција за ТИПСТЕР КУП рангирање (без разлика дали се добитни или недобитни), но мора да биде член на СЛ Клуб на играчи (програма за лојалност), односно да има електронска картичка од SPORT LIFE која се приложува при уплата на тикетите во уплатно-исплатните места.
- При уплата на тикетите мора задолжително да се приложи членската картичка за да може тие тикети да влезат во конкуренција за ТИПСТЕР КУП.
- Секој тикет уплатен со приложена картичка е конкурентен во борбата за бодови, а бодови во еден ден носи само тикетот со најмногу поени (бодови). Тоа значи дека месечно, секој играч-типстер може да има бодувани максимум тикети колку што има денови во месецот,
- Сите бодови од тикетите се сметаат во табелите за генералниот,  месечниот пласман и локалниот пласман. Дополнително, за секој плус одигран тикет во текот на еден ден (покрај најдобриот бодуван тикет кој ќе влезе во конкуренција), типстерот добива автоматски 10 поени. По овој основ може да се освојат максимум 200 бодови (20 тикети), а може да се играат неограничен број на тикети кои можат да влезат во конкуренција за најдобар тикет на денот.
- Сите глобални и локални пласмани ќе бидат истакнати и редовно ажурирани на видно место во сите уплатни места, на интернет страната или во билтен на Sport Life.
- Конечните месечни табели за пласманите на учесниците на локално и глобално ниво во ТИПСТЕР КУП ќе се објавуваат на осмиот ден од следниот месец. До тогаш ќе бидат завршени сите обработки на бодови за тикетите кои влегуваат во конкуренција, а кои календарски се уплатени во тој месец. Тоа значи дека доколку се уплатат тикети во последните денови на месецот, а тие содржат и парови кои се играат во првите седум дена во наредниот месец, тие ќе се обработат и ќе влезат во конкуренција на месечното ниво за тој месец. По тие седум дена, доколку кај некои тикети уплатени во месецот сèуште постојат парови кои се необработени, односно незапочнати или незавршени натпревари, тие парови (само за ТИПСТЕР КУП) ќе се пресметаат како промашени. По седмиот ден, за претходниот месец во рамките на натпреварувањето ТИПСТЕР КУП, се смета дека обработката е завршена и бодовите се конечни за сите тикети кои влегуваат во конкуренција во сите табели, без разлика на локално или глобално ниво. Месечните табели (глобални и локални) се ресетираат на почеток на наредниот месец.
- Тикетите кои се уплаќаат во првите седум дена од новиот месец, влегуваат во конкуренција за тој тековен месец, и се пресметуваат во новооформена табела за тековниот месец, на локално и глобално ниво.
- Долгорочните игри, како што се „победник” или „пласман“ (на првенство, турнир, настан од различни спортови) или пак играта „Оди понатаму“ во делот кога се чекаат исходи надвор од тековниот месец, односно после седмиот ден од наредниот месец, нема да се земат во предвид за играта ТИПСТЕР КУП, т.е. тие парови во пресметката на бодови ќе се пресметаат како промашени.
- Сите тикети кои се календарски уплатени во рамките на еден месец, влегуваат во конкуренција само за тој месец, без разлика дали содржат парови кои можеби се играат на почетокот на наредниот месец (максимум првите седум дена).
- Тикетите во ТИПСТЕР КУП ќе се бодуваат по точно одредена формула која е јавно истакната во уплатно-исплатните места и на веб страницата www.sportlife.com.mk Таа формула е непроменлива и валидна за еден месечен циклус во ТИПСТЕР КУП. 

член 16
Во случај на евидентна грешка врзана за објавените коефициенти за некој натпревар или настан од страна на организаторот (коефициенти кои значително се разликуваат од пазарот на коефициенти во државата или пошироко) или за времето и местото на одигрувањето на натпреварот и слично, организаторот го задржува правото да дадениот натпревар го прогласи за неважечки (го поништи). За тој натпревар, за сите видови игри важи коефициент 1.
- Истото важи и во случај натпреварот да започне пред датумот и времето наведено во билтенот, па за оние тикети што се уплатени после реалниот почеток на натпреварот, за тој натпревар, за сите видови игри важи коефициент 1. 

член 17
Организаторот има право да ги промени квотите објавени во билтенот во текот на денот. За играчите се важечки квотите во моментот на уплатата и кои се јасно прикажани на самиот тикет, освен за натпревари кои подлежат на членот 16, за кои ќе важи коефициент 1. Уплатата може да се изврши до почетокот на првиот натпревар од одиграните на тикетот

член 18
Организаторот вообичаено, секој вторник и петок во неделата издава билтен во кој се наведуваат сите спортски и други натпревари со соодветните коефициенти за одредени игри кои се предмет на обложување. 
Организаторот има право секојдневно да објавува дополнување на билтенот, со нови настани или со промени на коефициенти.

член 19
При уплата на секој тикет задолжително се наведува: видот на играта, точниот број на одиграните комбинации и задолжително читко да се напише шифрата на одиграните натпревари. Во спротивно тикетот ќе се смета за непотполн и нема да се изврши уплата.

член 20
Во случај кога ќе се изврши уплата за натпревари кои веќе почнале или се одиграни, или е утврдена грешка во квотите, организаторот има право тие натпревари да ги прогласи за неважечки (ги поништи). Тие натпревари се пресметуваат со коефициент 1.

член 21
Во случај на непочитување на членот 7 (седум) тикетот ќе се прогласи за неважечки, а влогот се враќа на играчот.

член 22
Исплата се врши најрано 2 часа по завршетокот на соодветните натпревари, односно на последниот натпревар на тикетот, а најдоцна во рок од 60 дена од денот на завршување на последниот натпревар од тикетот. Доколку организаторот не може да обезбеди официјален извештај од некој натпревар одигран на тикетот, има право да ја пролонгира исплатата до моментот кога резултатот ќе биде официјален и обработен. Доколку играчот не дојде во одредениот рок 60 дена од денот на завршување на последниот натпревар на тикетот, се смета дека се откажал од исплатата и обложувалницата го задржува правото да не ја изврши исплатата после одредениот рок.

член 23
Услов да се учествува во играта е играчите да не се помлади од 18 години и да се придржуваат на правилата на играта на среќа Обложување на игри на среќа во обложувалница кои ги одредил приредувачот на истите.
На лица под 18 години им е забранет влез во уплатно-исплатните места.
На лица под 18 години им е забранета уплата на тикети.

член 24
Играчите треба да ги уплатат тикетите 30 минути пред почетокот на натпреварот (настанот) и должни се да ги проверат истите. Приговори во однос на тикетот, односно сторнирања на тикет ќе важат само во случај да не е започнат ниеден натпревар на тикетот и да не е применет членот 16.
- Сторнирање на тикет е дозволено максимум 1 (еден) час по уплатата на истиот. Подоцнежни рекламации и сторнирање не се признаваат.

член 25
Играчите имаат право на приговор и на исплатата доколку сметаат дека се оштетени и во тој случај организаторот е должен да го образложи спорниот тикет (се разбира според правилата на игра). Рокот за приговорот е 8 дена од денот на завршување на последниот натпревар од тикетот. Организаторот е должен да одговори на приговорот во рок од 8 дена од приемот на приговорот. Во случај спорот да не може да се реши по договорен пат, се постапува според член 31.

член 26
Утврдувањето на резултатите од спортските и останатите натпревари и настани кои се предмет на обложување се одредуваат од официјалните интернет страници на соодветните фудбалски лиги или други спортски асоцијации или телетекст на одредени светски телевизии и светски обложувалници, потврдени со други електронски и печатени медиуми (вклучувајќи платени интернет страници чија основна дејност е следење на резултати од спортски натпревари).
Резултатите од сите натпреварувања или настани, кои организаторот ги понудил во понудата за обложување, ќе бидат истакнати на огласната табла во секое уплатно-исплатно место, како и на интернет страницата на обложувалницата. 

член 27
Играчите сами, по свој избор се обложуваат на одделни спортски натпревари или настани кои се претходно објавени (се разбира со соодветните коефициенти) во билтенот кој го издава организаторот, односно додатоците на билтенот. Значи, играчите сами ја одредуваат уплатата, бројот на натпреварите на тикетот (важно е да биде исполнет некој од условите за минимален број на натпревари на некоја игра, доколку постојат), односно сами си ја одредуваат висината на евентуалната добивка т.е. добитниот коефициент. Добивката се утврдува по пат на компјутерска обработка на сите тикети, по внесувањето на официјалните резултати од натпреварите или настаните (согласно член 26 од овие Правила). Во случај на добивка, играчите се појавуваат на уплатно-исплатното место и со предавање на оригиналниот тикет кај овластеното лице, истиот ќе биде исплатен. Организаторот води посебна евиденција за сите примени уплати и сите извршени исплати.
Организаторот ги објавува резултатите на сите натпревари од понудата на огласната табла во своите уплатно-исплатни места и на официјалната интернет страна на обложувалницата.

член 28
Секој поединечен добитен тикет или стоковна добивка, кај кој вредноста на добивката е поголема од 10.000 денари (10.001 денар па нагоре), подлежи на персонален данок кој изнесува 10% од добивката. Персоналниот данок се одбива од основицата на добитниот тикет, и остатокот се исплаќа на играчот. Организаторот е должен да го плати персоналниот данок за секој таков тикет, во име на играчот.
Организаторот е должен да води евиденција за сите добивки и добитници кои подлежат на персонален данок.
Организаторот има право да побара важечка исправа за идентификација и податоци на добитникот заради плаќање на персоналниот данок и евиденција на истиот.

член 29
Бидејќи овие правила се истакнати во уплатно-исплатните места на организаторот и заверени од Министерството за финансии на РМ, се смета дека секој учесник во обложувањето е запознаен со сите правила и ги прифаќа во целост.

член 30
Исто така, играчите со уплаќање на тикетот безусловно ги прифатиле и потврдиле правилата на играта пропишани од страна на организаторот.

член 31
Во случај на било каков спор меѓу учесниците и организаторите на обложувањето, кој не може да се реши по договорен пат, надлежен е судот во Скопје.