Корисничко име Лозинка Пријави се Одјава

Корпоративни вредности

  • Корпоративни вредности, мисија и цели

    Тоа се вредности кои ја отсликуваат нашата деловна култура и приоритетите утврдени во нашата мисија.

  • Традиција

    Sport Life обложувалници е компанија која долгорочно ги негува вредностите, ја поддржува стабилноста во секакви услови, и секогаш останува верна кон клиентите. Се надеваме обострано.

  • Квалитет

    Компанијата се труди секој проект да биде навремено, квалитетно и ефикасно завршен, а клиентите да бидат постојано опслужувани со најдобрите продукти на пазарот.

  • Сигурност

    Во своето долгогодишно постоење, компанијата е секогаш клиентски насочена. Сигурноста на играчот околу добивките т.е. неговата редовна исплата за нас е прв и основен услов за успешно работење.

  • Доверба

    Ја градиме нашата довербата преку отворена комуникација со клиентите, почитување на нивната индивидуалност и понуда на врвна, сигурна и квалитетна услуга.

  • Иновативност

    Со воведување на нови игри постојано го зголемуваме и подобруваме квалитетот на понудата кон нашите клиенти.

  • Општествена одговорност

    Како општествено одговорна компанија секогаш работиме и ќе работиме во насока на подобрување на квалитетот на животот во општеството за сите негови членови. Компанијата дава поддршка на проекти од хуманитарен карактер и од областа на културата, спортот, науката, образованието и заштитата на човековата околина, децата и младите.
    Ги поддржуваме организациите и иницијативите кои се залагаат за почит и еднаков третман, деловна етика и хуманизам, со што креираме вредност за општеството и придонесуваме кон зајакнување на општественото ткиво и социјалната кохезија.