Корисничко име Лозинка Пријави се
19.2.2016

Ван Хал: Марфиевиот закон е крив за поразот

Менаџерот на Манчестер јунајтед Луис ван Хал го обвини Марфиевиот закон дека е виновен за поразот со Митјиланд од 2-1 во првиот натпревар од шаснаестфиналето во Лигата на Европа.

„Црвените ѓаволи“ останаа без првиот голман Давид де Хеа пред самиот почеток на натпреварот, бидејќи тој го повреди коленото во текот на загревањето, па неговото место го зазема Серхио Ромеро.
Иако Ромеро даваше сè од себе, Јунајтед го препушти водството стекнато со голот на Мемфис Депај во 37-та минута, а Ван Хал по натпреварот го цитираше Марфиевиот закон кој вели дека сè она што може да тргне наопаку, ќе тргне.
„Кога ќе го почнете натпреварот, а вашиот голман ќе биде 14 играч кој е повреден, тогаш не влегувате на натпревар како вообичаено. Многу од тоа се случува во главата на играчите, во првите 10-15 минути не бевме добри, но се разбудивме и постигнавме гол, а можевме и уште некој. Во второто полувреме не победивме во ниту еден дуел. Не смеевме да го примиме вториот гол, но можевме и ние да постигнеме. Лингард имаше две одлични шанси, па мислам дека сè беше до Марфиевиот закон“, нагласи Ван Хал.
Холандскиот стручњак појасни дека Де Хеа го повреди коленото.
„Ќе мораме да почекаме и да видиме, денес ќе оди на прегледи, сега не знаеме ништо“, истакна Ван Хал.
Реванш натпреварот меѓу Јунјатед и Митјиланд ќе се одигра во четврток на „Олд Трафорд“.

Најнови вести