Корисничко име Лозинка Пријави се
26.2.2016

Рашфорд го собори рекордот на Бест стар половина век

Маркус Рашфорд вчера стана најмладиот стрелец на Манчестер јунајтед во некое европско натпреварување.

Овој анонимен 18–годишен напаѓач на своето деби за „црвените ѓаволи“ два пати ја затресе мрежата на Митјиланд во шетнаесетфиналето од Лигата на Европа. Со тоа ја одушеви и фудбалската јавност во Англија, со оглед дека го собори рекордот на легендарниот Џорџ Бест кој беше активен повеќе од половина век.
Рашфорд стана стрелец за Манчестер јунајтед со 18 години и 117 денови и со тоа го надмина рекордот на Џорџ Бест од 1964 година кој на возраст од 18 години и 158 денови ја затресе мрежата на Дјугарден.
Луис ван Хал ризикуваше на реванш натпреварот на „Олд Трафорд“ уфрлувајќи неколку тинејџери, но мораше бидејќи поради повредите не може да смета на дури 13 играчи.
„Немав друг избор, Рашфорд мораше да игра. На клупата беше бидејќи беше идеална замена за Марсијал. Одигравме одлично, посебно младите. Не му беше лесно на Рашфорд ниту пак на Џо Рајли (19) да дебитираат на европски натпревар, поради притисокот за победата, но одиграа на фантастично ниво. Направија голем чекор во својот развој“, изјави Ван Хал.
Јунајтед го загуби првиот натпревар со 2-1, Митјиланд рано поведе на „Олд Трафорд“, но домаќинот во продолжението успеа да напрваи пресврт и со 5-1 да помине во четврт-финалето од Лигата на Европа.

Најнови вести