Корисничко име Лозинка Пријави се
26.2.2016

Шок за Шалке, само Лацио остана од Италијанците

Вчера ширум Европа се одиграа реванш натпреварите од шеснаесетфиналето од Лигата на Европа.

Манчестер јунајатед кој во првиот натпревар доживеа пораз од Митјиланд од 2-1 не дозволи да биде повторно изненаден и убедливо го совлада тимот на Митјиланд со 5-1. Од убедливите пет голови два беа дело на 18-годишниот Маркус Рашфорд, а по еден гол постигнаа Депај и Ерера.
Тимот на Лацио успеа да ја одбрани честа на Серија А и извојува убедлива победа со 3-1 над Галатасарај и си обезбеди место во следната фаза. Стрелците за тимот на Лацио беа Пароло, Андерсон и Клосе, додека пак голот за тимот на гостите од Истанбул го постигна Озеткин.
За разлика од Лацио во следната рунда не успеа да помине Наполи, кој на домашен терен одигра 1-1 со Вилјареал и Фиорентина која во Лондон загуби со 3-0 од Тотенхем, па така Италија останува само со еден претставник во Лигата на Европа и тоа со тимот на Лацио.
Тимот на Шалке доживеа вистински дебакл на свој терен од Шахтар од 0-3 откако мечот во Украина го завршија без голови. Стрелците кои ги однесоа Украинците во следната рунда беа Марлос, Фереира и Коваленко. Автоголот на Икер Касиљас во Порто беше пресуден за домаќините кои беа елиминирани од Борусија Дортмунд со резултат од 0-3.
Ждрепката за осминафиналето ќе се одржи денеска во 13 часот во Нион.

Резултати 1/16 финале:
 Локомотив Москва - ФЕНЕРБАХЧЕ 1:1 (прв меч 0:2)
АТЛЕТИК БИЛБАО - Олимпик Марсеј 1:1 (1:0)
Краснодар - СПАРТА ПРАГА 0:3 (0:1)
ЛАЦИО - Галатасарај 3:1 (1:1)
БАЕР ЛЕВЕРКУЗЕН - Спортинг 3:1 (1:0)
ЛИВЕРПУЛ - Аугзбург 1:0 (0:0)
Рапид - ВАЛЕНСИЈА 0:4 (0:6)
Шалке - ШАХТЈОР 0:3 (0:0)
БАЗЕЛ - Сент Етјен 2:1 (2:3)
МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД - Митјиланд 5:1 (1:2)
Молде - СЕВИЉА 1:0 (0:3)
Наполи - ВИЉАРЕАЛ 1:1 (0:1)
Олимпијакос - АНДЕРЛЕХТ 1:2, во регуларните 90 минути 1:0 (0:1)
Порто - БОРУСИЈА ДОРТМУНД 0:1 (0:2)
ТОТЕНХЕМ - Фиорентина 3:0 (1:1)
БРАГА - Сион 2:2 (2:1)

Најнови вести