Корисничко име Лозинка Пријави се
29.2.2016

Венгер: Рашфорд ме изненади и ме импресионираше

Менаџерот на Арсенал Арсен Венгер призна по поразот од Манчестер јунајтед со 3-2 дека Маркус Рашфорд го изненадил и импресионирал.

„Иако на теренот имаа играчи кои вредат неколку десетина милиони, како што се Давид де Хеа и Мемфис Депај, мене ме изненади младиот Рашфорд. Тајмингот при движењето му беше совршен, како и количината на интелигенцијата која ја поседува во својата игра“, изјави Венгер.
Осумнаесет годишното момче од јужен Манчестер повторно беше ѕвездата на денот, бидејќи постигна два и асистираше кај третиот погодок на „црвените ѓаволи“.
„Не можам да им замерам на играчите на желбата, посветеноста и борбениот дух, но мислам дека премногу лесно ги примивме головите. Мораме да бидеме позитивни и да се подготвиме за следниот натпревар, кој го играме веќе во среда против Свонси. Натпреварите доаѓаат многу брзо и морате да ја задржите добрата психичка состојба во тимот“, истакна Венгер и додаде:
„Се боревме до крајот, ја поседувавме топката, но мислам дека со подобра концентрација можевме да избегнеме да примаме голови. Разочаран сум бидејќи загубивме. Ова е борба во која одиш веднаш во следниот натпревар, а нашата цел е да се вратиме посилни“, заклучи Французинот.

Најнови вести