Корисничко име Лозинка Пријави се
14.3.2016

Ван Хал: Неверојатен дух, фантастично

Менаџерот на Манчестер јунјатед Луис ван Хал беше задоволен по ремито од 1-1 на „Олд Трафорд“ со Вест хем во четврт-финалето од ФА купот.

„Тимот покажа неверојатен дух. Длабоко влијае кога ќе се загуби натпревар од Ливерпул (во Лигата на Европа во четвртокот), сите играчи се свесни за тоа, а потоа мора да се игра против Вест хем, кој е многу добар тим кој за ова се подготвувал цела седмица“, изјави Ван Хал.
„Ние имавме два дена да закрепнеме, губевме 1-0 и фантастично е што успеавме да се вратиме. Среќен сум поради своите играчи, мислам дека навивачите уживаа во натпреварот и тоа е важно“, додаде холандскиот стручњак.
Јунајтед изедначи преку Мартијал во 83-тата минута, а во таа прилика Швајнштајгер дојде во контакт со противничкиот голман Рандолф. Спорен беше и наводниот пенал кој го бараше Паје.
„Ја видов снимката и мислам дека Швајнштајгер беше турнат од нивниот играч и дека ненамерно налета на нивниот голман. Кога станува збор за Паје, мислам дека горе-доле симулираше, можеби беше допрен, но тоа не е доволно за таков пад“, изјави Ван Хал.
Претходно Ватфорд го обезбеди полуфиналето со победата против Арсенал со 2-1. Во полуфиналето веќе се наоѓа Евертон по победата против Челзи со 2-0 и Кристал палас, кој во петокот беше подобар од Ридинг исто така со 2-0.

Најнови вести