Корисничко име Лозинка Пријави се
22.3.2016

Реал се откажа од Де Хеа

Раководството на Реал Мадрид веќе не е заинтересирано за голманот на Манчестер јунајтед Давид де Хеа, пренесува шпанскиот весник „Марка“.

Според нивните извори „кралскиот клуб“ има намера да го продолжи договорот со Кејлор Навас, кој оваа сезона со одличните партии се потруди навивачите брзо да заборават на легендарниот Икер Касилјас.
Репрезентативецот на Костарика од неодамна во една анкета доби многу повеќе гласови од Де Хеа (дури 79%) и јасно е дека следбениците на Реал се исклучително задоволни од неговата работа. Навас оваа сезона прими 24 гола на 28 натпревари.
Само да потсетиме, Де Хеа минатото лето беше на чекор до Реал, но клубовите немаа доволно време да го завршат трансферот.

Најнови вести