Корисничко име Лозинка Пријави се
11.5.2016

Вест хем се прости од „Аптон парк“

Натпреварот во Премиер лигата меѓу Вест хем и Манчестер јунајтед почна со 45 минутно задоцнување наместо откако навивачите на домаќинот направија инцидент пред натпреварот.

На 2398 натпревар на „Аптон парк“ на кој поминаа 112 години Вест хем го совлада Манчестер јунајтед со пресврт со 3-2 пред 34.602 навивачи.
Стрелците за домаќините беа Дијафра Сако во 10-тата минута, Мајкл Антонио во 76-тата минута и Винстон Рид во 80-тата, додека за „црвените ѓаволи“двата гола ги постигна Антони Марсијал (51,72).
Пред натпреварот навивачите на Вест хем фрлаа по автобусот со играчите на Јунајтед со сè и сешто (од пиротехника до полни шишиња), настана хаос, но полицијата брзо реагираше и ситуацијата на улиците во Лондон брзо ја стави под контрола. За среќа никој од фудбалерите не беше повреден, а причинета е само материјална штета на автобусот.
Како сега стојат работите двата тима ќе одат во евро куповите во Лигата во Европа.

Најнови вести