Корисничко име Лозинка Пријави се
17.5.2016

Реал ќе го доведе Де Хеа за 50 милиони

Реал Мадрид има опција до 15-ти јуни да ја искористи клаузулата во договорот со голманот на Манчестер јунајтед Давид де Хеа и да го доведе за 50 милиони евра.

Како што тврди шпанскиот весник „АС“ Де Хеа минатата година при потпишувањето на новиот договор со Јунајтед вметнал опција според која може да оди само во Реал Мадрид за споменатата сума.
Де Хеа не би имал ништо против да се врати во својата земја, но прашање е дали претседателот Флорентино Перес има желба да издвои до сега најмногу пари во историјата за трансфер на голман.
Минатото лето заминувањето во Реал на шпанскиот голман беше речиси готово, но во последните минути во преодниот рок задоцни документацијата од Манчестер и договорот пропадна.
Тогаш во спротивен правец требаше да замине Кејлор Навас за 30 милиони евра.

Најнови вести