Корисничко име Лозинка Пријави се
26.10.2011

Гајтан го продолжи договорот

Николас Гајтан го продолжи договорот со Бенфика до 2016 година.

Гајтан игра одлично оваа сезона, а и воспостави доста квалитетно партнерство со Нолито, кој ова лето го засили тимот.

Дваесет и тригодишниот Аргентинец дојде од редовите на Бока јуниорс, а освен што ќе добива поголема плата, сега доколку некој сака да го купи, ќе мора да издвои најмалку четириесет и пет милиони евра.

Освен за Бока јуниорс и за Бенфика, овој офанзивен играч за врска одигра и шест натпревари за репрезентацијата на Аргентина, но сè уште нема постигнато погодок.

Најнови вести