Корисничко име Лозинка Пријави се
31.5.2016

Рашфорд доби нов договор

Младиот напаѓач Маркус Рашфорд официјално го продолжи договорот со Манчестр јунајтед до 2020 година.

Рашфорд во февруари ги постигна головите за „црвените ѓаволи“ на деби натпреварите во Лигата на Европа и Премиер лигата, а неодамна стана најмладиот стрелец дебитант за репрезентацијата на Англија. 
Играше за 1.500 фунти седмично,а англиските медиуми шпекулираат дека добил покачување на околу 20.000.
Ова 17-годишно момче на 17 натпревари постигна осум погодоци и најави блескава иднина на „Олд Трафорд“, а овој договор покажува дека на него смета менаџерот Жозе Мурињо.
„Од секогаш сум навивач на Манчестер јунајтед, а да играм за првиот тим е остварување на сонот. Благодарен сум на шансата која ја добив за да се докажам. Тоа што играм за најголемиот клуб на светот мене и на моето семејство ни значи сè“, изјави Рашфорд.
Останува да се види дали ќе успее да биде дел од репрезентацијата на Англија за претстојното Европско првенство во Франција.
Освен Рашфорд, договорот со Јунајтед на четири години го продолжи и 19-годишниот дефанзивен играч Камерун Бортвик-Џексон.

Најнови вести