Корисничко име Лозинка Пријави се
01.6.2016

Конте за ЕП без Монтоливо и Жоржињо

Селекторот на фудбалската репрезентација на Италија Антонио Конте го објави списокот на играчи за Европското првенство во Франција.

Од списокот на крајот отпадна играчот за врска на Наполи Жоржињо, како и Рикардо Монтоливо, кој не закрепна од повредата на листот.
Конте својот список го прочита во специјалната емисија на италијанската телевизија „Раи уно“.
„Изборот е направен. Долго размислувавме и го одбравме најдоброто од она што ни е на располагање. Што се однесува до мене, имам многу прецизни идеи“, изјави Конте.
Списокот на Италија за ЕП 2016:
Голмани: Џанлуиџи Буфон, Федерико Маркети, Салваторе Сиригу.
Одбрана: Андреа Барцаљи, Леонардо Бонучи, Џорџо Кјелини, Анџело Огбона.
Среден ред: Федерико Бернардески, Антонио Кандрева, Матео Дармијан, Даниеле де Роси, Матија де Шилјо, Стефан Ел Шарави, Алесандро Флоренци, Емануеле Џакерини, Тијаго Мота, Марко Пароло, Стефано Стураро.
Напад: Читадин Матинс Едер, Чиро Имобиле, Лоренцо Инсиње, Грацијано Пеле, Симоне Заза.
Резерви: Марко Бенаси, Даниеле Ругани, Давиде Запакоста.

Најнови вести