Корисничко име Лозинка Пријави се
14.6.2016

Јап Стам е новиот менаџер на Ридинг

Поранешниот холандски фудбалер Јап Стам ја започна самостојната тренерска кариера и е поставен на клупата на англискиот тим од втората лига, Ридинг.

Стам со членот на англискиот Шампионат потпиша двегодишен договор.
Некогашниот дефанзивен фудбалер по завршувањето на играчката кариера работеше како скаут во Манчестер јунајтед, а потоа беше асистент во Цволе и во младиот и најсилниот тим на Ајакс.
Стам зад себе има богато искуство од деновите додека играше, беше член на ПСВ Ајндховен, Манчестер јунајтед, Лацио, Милан и Ајакс.
Најдлабока трага остави во клубот од „Олд Трафорд“ каде за три сезони освои исто толку титули во Премиер лигата, Лигата на шампионите, ФА купот и Интерконтиненталниот куп.
За репрезентацијата на Холандија настапи 67 пати и постигна 3 гола.

Најнови вести