Корисничко име Лозинка Пријави се
27.6.2016

Чиле останува владетел на Јужна Америка

Репрезентацијата на Чиле ја одбрани титулата на шампион на Јужна Америка освојувајќи ја Копа Америка Сентенарио во САД.

Чилеанците во финалето на стадионот во Њујорк ја совладаа фаворизираната Аргентина на пенали со 4-2, откако во текот на 120 минути игра не беа постигнати голови.
Трагичар на „гаучосите“ беше капитенот и најголемиот адут на Аргентина, Лионел Меси,кој не го погоди пеналот и така повторно остана без трофеј со репрезентацијата.
Меси по поразот во Њујорк најави дека се повлекува од репрезентацијата која последниот трофеј на Копа Америка го освои 1993 година. 
Чиле втор пат по ред ја победи Аргентина во финалето на Копа Америка на пенали, иако серијата во Њујорк ја отвори Артуро Видал.
Беше тоа 41 меѓусебен дуел на двете јужноамерикански селекции, Чиле само еднаш успеа да ја победи Аргентина во 90 минути, во квалификациите на СП 2008 година, но освои две титули по финалињата со „гаучосите“.
Аргентина е 23 години без сениорски трофеј, загуби во седум финалиња во меѓувреме, а последните четири е без постигнат гол.
Репризата од минатогодишниот дуел од Чиле донесе многу бурен натпревар, а веќе во првото полувреме двете селекции останаа без еден играч поради исклучувањето на Маркос Рохо и Марсело Дијаз.
Во текот на регуларните 90 минути беа видени повеќе фаули отколку шанси за гол, Евер Банега во првата минута ја испушти шансата да ѝ донесе предност на Аргентина, а во средината на првото полувреме истото го стори и Гонзало Игуаин, неговиот шут од 15-тина метри помина малку покрај стативата.
Во 30-тата минута Чиле остана со десетмина откако Дијаз доби втор жолт картон по фаулот над Меси, за во 43-тата да добие црвен и Рохо по стартот од зад грб над Артуро Видал.
Тоа предизвика гужва на теренот и вербален конфликт меѓу играчите, кои не покажаа ништо во второто полувреме, а на Аргентина не и помогна ни влегувањето на Серхио Агуеро на местото на Игуаин. 
Дури на десет минути пред крајот на натпреварот Варгас ја имаше првата можност за Чиле, ја доби топката во казнениот простор, но шутираше по средината на голот па Серхио Ромеро одбрани.
Во дополнителното време шанса имаше и Алексис Санчес, но ниту ова не донесе погодок. Следеа продолженијата во кои двете екипи имаа по една шанса.
Први во 99-тата минута се заканија фудбалерите на Чиле, Варгас шутираше со глава по центаршутот, од околу 11 метри во долниот десен агол, но повторно Ромеро одбрани. Минута подоцна Браво со многу мака и со помош на пречката успеа да го сопре шутот на Агуеро, што беше шанса на натпреварот за „гаучосите“.

Најнови вести