Корисничко име Лозинка Пријави се
03.7.2016

Нојер подобар од Буфон, Германија во полуфинале

Репрезентацијата на Германија се пласираше во полуфиналето на Европското првенство и ја прекина непријатната традиција против Италија.

Актуелниот светски шампион по прв пат во историјата ја елиминираше Италија триумфирајќи со 6-5 после драматичната пенал серија. Јунак беше Мануел Нојер кој со три одбранети пенали го доби дуелот со Џанлуиџи Буфон.
Во регуларните 90 минути беше 1-1, а Германија во борбата за финалето на Евро 2016 ќе се сретне со подобриот од денешниот натпревар во кој домаќинот Франција ќе игра против Исланд.
Германија имаше повеќе од играта во текот на 120 минути и поведе со голот на Месут Озил во 65-тата минута, но тимот на Јоаким Лев не успеа да го задржи водството па „аѕурите“ успеаја да израмнат на 12 минути пред крајот со голот на Леонардо Бонучи од пенал за кој виновник беше Џером Боатенг кој играше со рака по една нафрлена топка.
Драматичната пенал серија со сигурни удари ја почнаа Инсиње и Крос, а потоа Заза кој влезе во игра во 120 минута токму заради пеналите шутираше високо над голот, но Буфон го одбрани слабиот удар на Милер.
Барѕаљи беше прецизен, Езил ја погоди стативата, а Нојер ја спаси Германија и го одбрани шутот на Пеле, по што Дракслер погоди. Германскиот голман го одбрани ударот на Бонучи, Швајншајгер го утна целиот гол и ја пропушти шансата да ја одведе Германија во полуфиналето, па следеа прецизни удари на Џакерини, Хумелс, Пароло, Кимих, Де Шиљо и Боатенг. Нојер го одбрани и третиот пенал, на Дармијан, по консултација со неговиот соиграч од Манчестер јунајтед, Швајнштајгер.
Новата меч топка за Германија ја искористи бекот Хектор и ја одведе Германија меѓу четирите најдобри во Европа. Ова за „панцирите“ е шести пат по ред да се пласираат во полуфиналето на големите турнири.

Најнови вести