Корисничко име Лозинка Пријави се
17.8.2016

Манчестер јунајтед нуди 30 милиони фунти за Барбоса

Бразилскиот напаѓач Габриел Барбоса Алмеида се наоѓа на чекор од трансфер во Манчестер јунајтед.

„Црвените ѓаволи“ на офанзивниот играч на Сантос му дадоа рок од 48 часа да се изјасни за понудата вредна 30 милиони фунти.
Деветнаесет годишниот Габриел започна во младите категории на Сантос, исто како и далеку прочуениот Нејмар, со кој многумина го споредуваат поради истата позиција во тимот и сличниот стил на игра. Младиот напаѓач во претходните три сезони во дресот на Сантос постигна 24 голови на 82 натпревари, со што им го привлече вниманието на европските клубови.
Габриел претходно изрази желба да започне во Премиер лигата, па првата понуда ја испрати до англискиот шампион Лестер, но без успех. Финансиски посилниот Јунајтед е сега првиот фаворит за доведување на голгетерот, кој со репрезентацијата моментално учествува на олимпискиот турнир на кој до сега постигна два погодока.

Најнови вести