Корисничко име Лозинка Пријави се
03.9.2016

Агуеро суспендиран, ќе го пропушти Јунајтед

Серхио Агуеро нема да игра во дербито на Манчестер на десетти септември поради суспензија.

Фудбалската асоцијација го казни напаѓачот на Манчестер сити со суспензија на три натпревари поради насилничко однесување.
Аргентинецот е суспендиран поради тоа што минатиот викенд, во победата на Сити над Вест хем (3-1) со лакот го удри гостинскиот играч Винстон Рид.
Поради тоа, Сити ќе биде лишен од услугите на својот најдобар стрелец во градското дерби со Јунајтед на десетти септември на „Олд Трафорд“.
Агуеро минатата сезона постигна 29 голови, а оваа веќе даде шест, од кои три на исто толку настапи во Премиер лигата.
Освен на натпреварот со Јунајтед, во Премиер лигата нема да игра ниту против Борнмут, како и против Свонси во третото коло на Лигата купот.

Најнови вести