Корисничко име Лозинка Пријави се
03.9.2016

Меси нема да игра против Венецуела

Лионел Меси, фудбалскиот репрезентативец на Аргентина, ќе го пропушти претстојниот натпревар против Венецуела во квалификациите за Светското првенство во Русија 2018 година поради повреда на препоните, соопшти вчера селекторот Едгардо Бауса.

Меси во четвртокот го постигна победоносниот гол против Уругвај (1-0) во квалификациите за Светското првенство, па Аргентина го презеде првото место на табелата на јужноамериканските квалификации со 14 бодови.
„Лео има болки, за жал нема да може да игра во претстојниот натпревар. Има воспаление и не смееме да ризикуваме. Разговаравме со него и со лекарот и тој му советуваше да се одмори. Тој засега ќе биде со екипата, но мислам дека нема да патува во Венецуела“, изјави Бауса за британските медиуми.
Аргентина на седми септември ќе игра против Венецуела, која има освоено само еден бод во првите седум натпревари.

Најнови вести