Корисничко име Лозинка Пријави се
05.9.2016

Македонија ги почнува квалификациите за СП 2018

Македонската фудбалска репрезентација со натпреварот против Албанија во Скадар стартува во квалификациите за Светското првенство во Русија во 2018 година.

Македонија се натпреварува во групата Г, во која покрај Албанија, играат уште: Италија, Шпанија, Израел и Лихтенштајн.
Македонија и Албанија досега имаат одиграно осум меѓусебни натпревари, но средбата во Скадар ќе биде прва во која овие две репрезентации ќе се борат за бодови. Претходните осум натпревари им беа пријателски, а Македонија имаше четири победи и три нерешени.
„Ова е почеток на нов квалификациски циклус. Имаме противник кој е во подем. Тие беа учесници на последното Европско првенство и тоа е дополнителен мотив да влеземе со максимално залагање и да почнеме со позитивен резултат. Немаме проблеми со повредени. Подготвени ќе влеземе на мечот“, вели Игор Ангеловски, селекторот на Македонија.
Натпреварот во Скадар се игра вечерва, од 20.45 часот, а најавено е дека ќе го обезбедуваат 900 полицајци.

 

Најнови вести