Корисничко име Лозинка Пријави се
06.9.2016

Три ремија 1-1 во Групата И

Фудбалската репрезентација на Косово на гости кај Финска одигра нерешено 1-1 во првото коло од групата И во квалификациите за Светското првенство 2018 година.

Финска поведе со голот на Паулус Арајури во 18-тата минута, а изедначување и бод на Косово му донесе Валон Бериша во 60-тата минута од пенал.
На Косово ова му беше прв меѓународен натпревар откако беше примено во ФИФА.
Со резултат 1-1 се завршени и преостанатите два натпревари од групата И.
Хрватска и Турција во Загреб одиграа 1-1. Хрватска поведе со голот на Иван Ракитиќ во 44-тата минута од пенал, а бод на Турција ѝ донесе Хакан Чалханоглу во третата минута од судиското продолжение во првото полувреме.
Фудбалерите на Украина и Исланд, исто така, одиграа 1-1. Алфред Финбогасон во шестата минута ја донесе предноста на Исланд, додека Украина изедначи со голот на Андриј Јармојленко во 41-вата минута.
Украина можеше да ги освои сите три бодови, но Евген Конопљанка на седум минути пред крајот не искористи пенал.

Најнови вести