Корисничко име Лозинка Пријави се
06.9.2016

Прекин на средбата Албанија и Македонија, ќе се доигра денес во 14 часот

Натпреварот меѓу Македонија и Албанија (1-1) беше прекинат во 77-мата минута, а последните петнаесетина минути ќе се доиграат денес, во 14 часот, на истиот стадион „Лоро Боричи“ во Скадар.

Турскиот судија Хусеин Гочек го прекина вчерашниот натпревар поради големото невреме проследено со обилен дожд и силен ветер.
На вчерашната средба Македонија одигра добро во второто полувреме, фудбалерите беа поангажирани и поборбени за разлика од првиот дел, кога губеше со 0-1. Македонската репрезентација израмни со голот на Алиоски во 51-вата минута.
Откако одбраната на Албанија направи грешка на средината на теренот, Алиоски влезе во шеснаесетникот и со прецизен удар го матираше Бериша. Албанците поведоа уште во деветтата минута од средбата, со погодокот од 16 метри во десниот долен агол на Захов.

Најнови вести