Корисничко име Лозинка Пријави се
06.9.2016

Стандард Лиеж со нов тренер

Александар Јанковиќ, поранешниот тренер на Црвена ѕвезда, е новиот тренер на Стандард од Лиеж, објави белгискиот клуб.

Јанковиќ ја напушти клупата на Мехелен поради Стандард, во кого го наследува Јаник Ферера кој доби отказ.
Некогашниот селектор на младата репрезентација на Србија ќе потпише тригодишна соработка со еден од најголемите клубови во Белгија.
Јанковиќ ќе биде трет Србин на клупата на Стандард во последните година и пол, по Славољуб Муслин и Иван Вукомановиќ.
Тој во два наврати ја водеше Црвена ѕвезда, а беше тренер и на Локерен.
Стандард во првите пет кола од новата сезона во Белгија оствари по една победа и пораз и три ремија.
Јанковиќ ќе дебитира на 11-ти септември во Лиеж против Генк.