Корисничко име Лозинка Пријави се
30.9.2016

Јунајтед минимално, Зенит и Рома убедливи

Фудбалерите на Манчестер јунајтед со минимален резултат од 1-0 ја совладаа Зорја во второто коло на групата А од Лигата на Европа.

Јунајтед до тешкиот триумф на својот стадион стигна со погодокот на Златан Ибрахимовиќ во 69-тата минута.
Фенербахче во дербито на колото го победи Феенорд со 1-0. Најубедлив триумф во второто коло забележа Зенит од Санкт Петербург  над АЗ Алкмар, 5-0.
Рома на свој терен беше поубедлива од Астра со 4-0, додека Генк без проблеми го победи Сасуоло со 3-1.
Останатите натпревари се завршени со мал број голови.
Јунајтед во првото коло изгуби од Феенорд со 1-0, па сега на првото место во групата е Фенербахче, кој на домашен терен ја победи холандската екипа со 1-0, по ремито со Зорја од 1-1 во првото коло.
Натпреварот во Истанбул беше изедначен, но Фенербахче имаше повеќе шанси и славеше со голот на Емануел Еменике во 18-тата минута.
Зенит во првото коло во гости го победи Макаби со 4-3, а синоќа приреди уште една голеада – со 5-0 го победи Алкмар. Зенит има шест бода и е прв во групата, пред Дандалк, кој на домашен терен го победи Макаби со 1-0 и го освои четвртиот бод.
Во останатите натпревари, Алетик Билбао дома го победи Рапид, така што сега, по победата на Генк над Свонси, сите четири тима во групата Ф имаат по три бода.
Австрија и Викторија П’лзењ одиграа 0-0, така што сега австриската екипа има три бода, еден помалку од водечката Рома, а чешката два. Астра е без бодови.
АПОЕЛ од Кипар во гости го победи шампионот на Грција, Олимијакос, со 1-0 и со тоа остана единствениот тим со две победи во групата, бидејќи Астана и Јанг бојс претходно вчера одиграа нерешено.
Сент Етјен на свој терен го освои првиот бод, откако Нолан Ру постигна гол во четвртата минута од продолжението за конечен резултат 1-1 против Андерлехт.
Во натпреварите од терминот од 19:00 часот, Спарта Прага го направи најголемото изненадување совладувајќи го италијанскиот Интер со 3-1, а Саутхемптон одигра без голови на гостувањето во Израел кај Хапоел Бер Шева.

Најнови вести