Корисничко име Лозинка Пријави се
09.11.2016

Мурињо незадоволен од докторите и во Јунајтед

Португалскиот стручњак Жозе Мурињо и во Манчестер јунајтед изрази незадоволство поради повредите на неговите фудбалери и ја изгуби довербата во работата на медицинскиот тим.

Британскиот весник „Тајмс“ пишува дека Мурињо сакал да истражи зошто играчите постојано му се повредуваат, откако од почетокот на сезоната проблеми со повреди имаат: Крис Смолинг, Лук Шоу, Вејн Руни, Антони Мартијал, Хенрих Мхитарјан, Фил Џонс, Ерик Бејли и сега Маруан Фелаини.
Мурињо засега никого лично не обвинил за моментната состојба, како што го направи тоа во Челзи кон докторката Ева Карнеиро, која даде отказ токму поради тоа. Мурињо ја исфрли Карнеиро од екипата по натпреварот со Свонси во првото коло на Премиер лигата откако се налути кога лекарката влезе на теренот да му укаже помош на Еден Азар, а во тој момент Челзи имаше деветмина играчи на теренот.
Карнеиро ги тужеше Челзи и Мурињо бидејќи, како што изјави таа, Португалецот користел дискриминациски и сексистички речник, но подоцна се согласија тоа да го решат надвор од судот.

Најнови вести