Корисничко име Лозинка Пријави се
10.11.2016

Германците без Нојер, Крос, Дракслер и Боатенг

Мануел Нојер, голманот на Германија, ќе го пропушти натпреварот во квалификациите за Светското првенство против Сан Марино поради тоа што пред патувањето на екипата не се чувствувал добро.

Фудбалскиот сојуз на Германија соопшти дека и играчот за врска Јулијан Брант останал дома поради грип.
Во конкуренција за тимот против Сан Марино, исто така, нема да бидат повредените: Тони Крос, Јулијан Дракслер и Џером Боатенг.
Германија утре, од 20.45 часот, ќе се сретне со Сан Марино, а во вторник ја очекува пријателски натпревар против Италија во Милано.
Репрезентацијата на Германија, актуелниот светски шампион, се наоѓа на првото место во групата Ц од квалификациите за Мундијалот 2018 година во Русија со максимален учинок по три одиграни натпревари, додека Сан Марино е последен, шести, без бодови.

Најнови вести