Корисничко име Лозинка Пријави се
10.11.2016

Хонда ќе ја ослободи „десетката“ во Милан

Јапонскиот фудбалер Кеисуке Хонда ќе го напушти Милан во јануари и кариерата ќе ја продолжи во САД или во Кина, пренесува „Тутоспорт“.

Како што се наведува, 30-годишниот Јапонец, некогашен член на ЦСКА од Москва, има понуди од неколку клубови од МЛС-лигата, како и од Шангај СИПГ, кого од неодамна го тренира Португалецот Андре Вилаш-Боаш.
На Хонда договорот му истекува во јуни, па Милан нема да бара голема оштета, особено поради тоа што во досегашниот дел од сезоната одигра само два натпревари.
Со неговото заминување ќе се ослободи бројот 10, а главен кандидат да го облече дресот во кој некогаш се прославија Руд Гулит, Дејан Савичевиќ, Звонимир Бобан, Руи Коста, Кларенс Сидорф и други е Шпанецот Сеск Фабрегас од Челзи.

Најнови вести