Корисничко име Лозинка Пријави се
29.11.2016

Мурињо повторно пред казна од ФА

Жозе Мурињо, менаџерот на Манчестер јунајтед, се соочува со нова казна.

Фудбалскиот сојуз на Англија го обвини Мурињо за непримерно однесување на натпреварот против Вест хем.
Фудбалерите на Манчестер јунајтед и Вест хем во неделата одиграа 1-1 во натпреварот од 13-тото коло на Премиер лигата, а Мурињо поради тоа што шутна шише со вода и поради остриот протест покрај аут линијата, судијата Мос го испрати на трибините уште во првото полувреме.
Португалецот има право да поднесе жалба на обвинението до први декември.
Мурињо минатиот месец беше казнет поради тоа што на натпреварот со Барнли го навредуваше судијата Марк Клатенбург. За тој инцидент беше суспендиран на еден натпревар и парично казнет со осум илјади фунти.
Поранешниот тренер на Челзи, Интер и на Реал Мадрид, исто така, е казнет со 50.000 фунти поради коментарите на сметка на судијата Ентони Тејлор пред дербито со Ливерпул на „Енфилд роуд“ на 17-ти октомври.

 

Најнови вести