Корисничко име Лозинка Пријави се
01.12.2016

Милер не може во Јунајтед, тој е ДНК на Баерн

Баерн го предупреди Манчестер јунајтед дека нема да го пушти Томас Милер да направи трансфер на „Олд Трафорд“, пишуваат англиските медиуми.

Јунајтед претходно успеа да го доведе Бастијан Швајнштајгер во 2015 година, а сега има намера да го доведе и Милер.
„Не смее да се случи Томас Милер да заигра за Јунајтед. Навивачите не беа задоволни кога си отиде Швајнштајгер. Но, тој веќе имаше 32 години и сакаше нов предизвик. Нашите навивачи не би ни простиле кога би го продале Милер. Тој е целосна спротивност од Кристијано Роналдо. Тој е многу повеќе од одличен играч. Милер е дел од нашата ДНК“, изјави Едмунд Штојбер, член на управата на Баерн.
Милер веќе одигра повеќе од 350 натпревари за Баерн, за кого дебитираше во 2008 година.

Најнови вести