Корисничко име Лозинка Пријави се
22.12.2016

Македонија 162-ра на ранг-листата на ФИФА на крајот на 2016 година

Фудбалската репрезентација на Македонија убедливо е најлошо рангирана досега на ранг-листата на ФИФА, оваа календарска година ја завршува на 162-рото место.

Минатата година Македонија ја заврши на 136-тото место, а тогаш тоа беше најлошиот пласман на крајот на една година за нашите репрезентативци, но во оваа година тие покажаа дека можат да се пласираат и полошо.
Во изминатиов период немаше репрезентативни активности, па Македонија се наоѓа на истото место на ранг-листата од минатиот месец.
Оваа година младинската репрезентација направи историски успех пласирајќи се на Европското првенство, додека сениорската остана во друштво со селекциите на: Белизе, Аруба, Кинески Тајпеј, Мјанмар...
Меѓу најдобрите десет овој месец нема промени, сè уште е лидер Аргентина, а потоа следуваат: Бразил, Германија, Чиле, Белгија, Колумбија, Франција, Португалија, Уругвај и Шпанија.

Најнови вести