Корисничко име Лозинка Пријави се
31.12.2016

Милан заинтересиран за фудбалерот на Евертон

Жерар Деулофеу, фудбалерот на Евертон, во наредниот преоден рок би можело да го засили Милан, пишуваат италијанските медиуми.

Клубот од „Сан Сиро“ е подготвен да го доведе на заем, а како што се наведува, „росонерите“ веќе испратиле понуда на адреса на „карамелите“.
Деулофеу не е во плановите на менаџерот Роналд Куман, а од почетокот на сезоната одигра 11 натпревари, а само на еден на теренот беше до првата до последната минута.
Покрај Милан, за него е заинтересиран и Депортиво од Ла Коруња, а останува да се види дали понудата на миланскиот клуб ќе биде прифатена.

Најнови вести