Корисничко име Лозинка Пријави се
04.1.2017

Вермелен повторно повреден

Томас Вермелен, фудбалерот на Рома, на последниот тренинг на „волчицата“ доживеа повреда на листот, пишуваат италијанските медиуми.

Сè уште не се знае колку е сериозна повредата, како ни колку време поранешниот фудбалер на Арсенал и на Барселон ќе отсуствува од теренот.
Белгиецот летоска дојде во Рома на заем од Барселона, а во шпанскиот клуб исто така имаше проблеми со повреди, како и додека го носеше дресот на лондонскиот клуб.
Баксузниот Вермелен одигра вкупно 29 натпревари во последните четири сезони во Премиер лигата, во Примера лигата и во Серија А.

Најнови вести