Корисничко име Лозинка Пријави се
05.1.2017

Шок на „Гудисон парк“ – Боласи ќе се врати за една година

Како што пренесуваат британските медиуми, фудбалерот на Евертон ќе отсуствува од теренот многу долго.

Ниту најголемите песимисти не можеа да помислат дека повредата на натпреварот со Манчестер јунајтед можеше да го одвои Боласи од теренот до крајот на сезоната.
На тој натпревар Јаник Боласи беше еден од најдобрите на теренот, потоа следуваше повредата и оттогаш не престанаа лошите вести за него.
Првите прогнози беа дека ќе пропушти неколку месеци поради повредата на десното колено.
Потоа, се стравуваше дека ја завршил сезоната. Потоа беше и појасно дека сезоната навистина е завршена за него и дека Куман ќе мора да му побара замена во јануарскиот преоден рок, но новите информации укажуваат на тоа дека Јаник Боласи ќе пропушти уште повеќе.
Повредата на надворешните лигаменти на коленото крилниот фудбалер на „карамелите“ ќе го оддалечи од теренот цела година, објави „Би-би-си.
„Ќе се врати за 11 или за 12 месеци. Тоа е големо разочарување, но важно е дека ќе се врати“, изјави Роналд Куман.
Во наредните седмици на Боласи ќе му биде извршена втора операција.

 

Најнови вести