Корисничко име Лозинка Пријави се
11.1.2017

Шнедерлен пред трансфер во Евертон

Морган Шнедерлен, играчот за врска на Манчестер јунајтед, ќе го напушти „Олд Трафорд“ и кариерата ќе ја продолжи во Евертон, пишуваат англиските медиуми.

Како што се наведува, „карамелите“ за овој трансфер на „црвените ѓаволи“ ќе им платат 22 милиони фунти.
Францускиот фудбалер во 2015 година потпиша за Јунајтед, за кого одигра 47 натпревари и постигна еден гол.
Во текот на оваа сезона во дресот на „црвените ѓаволи“ настапи осум пати во сите натпреварувања.
Дваесет и седумгодишниот фудбалер кариерата ја почна во Стразбур, а играше уште и за Саутхемптон.

Најнови вести