Корисничко име Лозинка Пријави се
12.1.2017

Македонија 162-ра и на почетокот на новата година

Фудбалската репрезентација на Македонија остана на 162-рото место на најновата ранг-листа на ФИФА.

На најновата ранг-листа на ФИФА нема многу промени бидејќи се одиграни мал број натпревари, а македонската репрезентација остана на 162-рата позиција, која претставува најлош пласман во историјата.
Од квалификациската група за Светското првенство во која игра Македонија, полошо пласиран е само Лихтенштајн, кој се наоѓа на 188-мото место, додека најдобра е Шпанија, која се наоѓа на десеттата позиција, а по неа следуваат Италија, на 16-тото, Албанија на 51-вото и Израел на 55-тото место.
Меѓу првите десет репрезентации нема промени во пласманот, сè уште прва е Аргентина, а по неа следуваат: Бразил, Германија, Чиле, Белгија, Колумбија, Франција, Португалија, Уругвај и Шпанија.

Најнови вести