Корисничко име Лозинка Пријави се
16.1.2017

Прв пораз на Македонија, Словенија подобра за седум гола

По двете победи на стартот Македонија e поразена со 29:22 од Словенија во третото коло од групата Б на Светското првенство во Франција.

Македонската репрезентација одиграа под своите можности и на фаворизираните Словенци им дозволија лесен триумф. 
Словенците имаа контрола на резултатот во текот на целиот натпревар. Неколку минути по стартот Словенија почна да создава предност која постојано ја зголемуваше во текот на мечот за на крајот да слави со  седум голови разлика.
Македонија одигра слабо во нападот, Манасков погоди само еднаш од шест обиди, не беа прецизни ниту Лазаров, Нелоски, Талески, а Миркуловски поради повреда не влезе во игра во второто полувреме.. Голманот на Словенците Скок  на крајот имаше 14 одбрани и беше прогласен за играч на натпреварот. 
Најефикасен во нашата селекција беше капитенот Кире Лазаров со девет гола, три постигна Стоилов, а два  Дрогришки. Словенците беа опасни од сите страни и головите им беа распоредени на сите позиции, Маркуч и Безјак дадоа четири гола, по три Благотинсек, Јанц, Зарабец и Мецковсек.
Пред македонската репрезентација се  натпреварите против Шпанија и Исланд  и играта мора да е на повисоко ниво за да дојдеме до добар резултат.
 Следниот меч Македонија го игрра во среда против Шпанија со почеток од 20:45 часот.

Најнови вести