Корисничко име Лозинка Пријави се
23.1.2017

Фергусон: Вејн Руни заслужи да биде во историјата

Вејн Руни е централна личност на денот во Премиер лигата, со својот 250-ти гол за Манчестер јунајтед, им донесе бод на „црвените ѓаволи“ на гостувањето кај Стоук и стана нов рекордер на клубот.

Руни го престигна Сер Боби Чарлтон на врвот на вечната листа на стрелците на Јунајтед.
„Ова ми значи многу. Голема чест, навистина сум горд. Не можам во овој момент да бидам целосно задоволен поради резултатите, но генерално гледано, ова е голема чест. Ова не го очекував кога дојдов во клубот. Играчите коишто играа за Јунајтед се светска класа“, изјави Руни.
Сер Алекс Фергусон, кој го тренираше Руни девет години во клубот, испрати честитки кон неговиот некогашен играч.
„Му честитам на Руни за големите остварувања. Не е лесно да се постигнат толку голови и да се собори рекорд долг 40 години. Вејн Руни заслужува место во историјата на овој голем клуб и сигурен сум дека ќе даде уште многу голови“, изјави Фергусон.

Најнови вести