Корисничко име Лозинка Пријави се
24.1.2017

Деулофеу стигна во Милан

Жерар Деулофеу, фудбалерот на Евертон, го заврши трансферот за шестмесечниот заем во Милан.

Шпанскиот крилен напаѓач по лекарските прегледи потпиша за гигантот од „Сан Сиро“, а доаѓа по инсистирањето на директорот Адријано Галијани.
Евертон летото 2015 година го доведе Деулофеу од Барселона, со тоа што Каталонците внесоа повратна клаузула, но таа нема да смета при трансферот во Милан.
Овој 22-годишен фудбалер сезонава не се наигра под водство на менаџерот Роналд Куман, за разлика од минатата, бидејќи одигра 11 натпревари во Премиер лигата, влегувајќи главно од клупата.
Ученикот од познатата Ла Месија на Барселона во текот на кариерата го носеше дресот на Севилја, а еден натпревар одигра и за репрезентацијата А на Шпанија, откако со голем успех играше за сите помлади селекции.

Најнови вести