Корисничко име Лозинка Пријави се
27.1.2017

Лига куп: Јунатед со пораз до финалето на „Вембли“

Манчестер јунајтед ќе игра во финалето на Лига купот против Саутхемптон на 26-ти февруари на лондонскиот „Вембли“.

Екипата на Жозе Мурињо беше поразена во реванш-натпреварот од полуфиналето во гости од Хал со 2-1 (1-0), но се пласира во финалето благодарение на победата на „Олд Трафорд (2-0).
„Светците“ еден ден претходно го елиминираа Ливерпул, бидејќи по минималниот триумф пред своите навивачи, тоа го направија и на „Енфилд роуд“.
Домаќините поведоа во 35-тата минута, кога Том Хадлстон го измами Давид де Хеа од белата точка. Со тој резултат заминаа на пауза, а потоа Пол Погба им донесе изненадување на „црвените ѓаволи“ во 66-тата минута од натпреварот.
Триумфот на гостите им го донесе Бај Умар Нијас на пет минути пред крајот на средбата.

Најнови вести