Корисничко име Лозинка Пријави се
28.1.2017

Милан го позајми Нијанг во Ватфорд

Францускиот напаѓач Мбаје Нијанг до крајот на сезоната ќе игра во Ватфорд на заем од Милан. Премиерлигашот има опција да го откупи неговиот договор по истекувањето на заемот.

Вредноста на трансферот е 750.000 евра, а доколку сака да потпише траен договор со 22-годишниот фудбалер, Ватфорд ќе мора на Милан да му плати 18 милиони евра.
Нијанг е член на Милан од 2012 година, кога како тинејџер стигна од Каен.
Досега за италијанскиот клуб одигра 77 натпревари и постигна 12 гола. Оваа сезона три пати беше стрелец во Серија А.
Французинот веќе играше на заем во Монпелје и во Џенова, но ова е прв пат во договорот за заем да има опција за откуп.
Нијанг влезе во историјата на Милан како втор најмлад стрелец на погодок, кога со неполни 18 години постигна гол против Реџина во Купот на Италија.

Најнови вести